reklama

reklama

reklama

ПОМОШ ПРОТИВ ПЕПЕЛ PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 3 пати
Сабота, 18 Ноември 2017

pozar

Сите добронамерни граѓани кои сакаат да му помогнат на Орде Стеваноски, чија куќа изгоре до темел во пожар на улицата „Пиринска“, можат да донираат финансиски средства на ж-ска: 370056301551821 - Еуростандард банка или да го контактираат семејството на тел.: 070-611-513. Тој упатува апел до сите хуманисти да помогнат колку што можат, затоа што неговот семејство остана без покрив над глава.

- Сé е опустошено, во половина час изгоре сé што имавме. Сега немаме покрив над главата спиеме по роднини и пријатели - вели Стеваноски, сопственик на куќата.

Во моментот на пожарот во куќата била само ќерката. Таа забележала како излегува чад од дневната соба, од местото каде што се наоѓал телевизорот. Во паника веднаш им се јавила на нејзините родители и на противпожарната служба, но, за жал, огнот се раширил со голема брзина преку целиот кат и целосно го опустошил домот.

Семејството на Орде Стеваноски не е единствено кое доживе несреќа. Пред не цел месец на улицата „Бистра Планина", од засега непознати причини, избувна пожар во соба на приземјето. 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
УЧИЛИШТАТА СО НОВИ ДИРЕКТОРИ PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 8 пати
Сабота, 18 Ноември 2017

Именувани се нови в.д. директори во основните и средните училишта. Нов в.д. директор на СОУ „Ѓорче Петров“ е Страшо Ѓорѓиоски на местото од Дејан Димоски, а на СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ е поставена Билјана Маркоска на местото од Васил Гајтаноски. Димитријанка Манолева е нов в.д директор на СОУ „Орде Чопела“ на местото од Елизабета Трајкоска.

Во ОУ „Гоце Делчев" нов в.д. директор е Веле Ѓорѓиоски, кој го замени Трајче Караилоски. Во ОУ „Кочо Рацин" е Зора Чадамова на местото од Петре Крагуески, во ОУ „Круме Волнароски" во Тополчани е именувана Јасмина Караниколова на местото од Дејан Бунтески, а во ОУ „Кире Гаврилоски - Јане" е назначена Кети Стевананџија, место Николче Кузески.

Претходно, Димче Настоски беше именуван за в.д. директор на гимназијата „Мирче Ацев". Во ОУ „Рампо Левката" нов в.д. директор е Благица Каракашоска, во ОУ „Блаже Конески" е Весна Мојсоска, а во ОУ „Кирил и Методиј" во Канатларци, пак Бајрам Јусуфоски. 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
ЈАНЕСКИ Е НОВИОТ В.Д. ДИРЕКТОР НА ЈКП „ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА“ PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 0 пати
Сабота, 18 Ноември 2017

Дипломираниот економист Емил Јанески, инаку магистер по безбедност е новиот в.д директор на ЈКП „Водовод и канализација“. Тој на  местото на Сашо Николоски е назначен од страна на градоначалникот Илија Јованоски.

Поранешниот полициски инспектор ќе треба да се соочи со менаџирањето на јавното претпријатие чија основна функција е обезбедување вода за пиење која треба да биде здравствено и хигиенски исправна. Треба да се заложи за квалитетно канализирање и одведување на отпадните води така што претпријатието да работи соодветно и одржливо, генерирајќи приход кој е потребен за да се покријат трошоците на инвестирање, раководење и одржување. Фунцијата му налага освен за производство, односно набавка на вода, да се грижи и за инвестиционо одржување објекти и проширување на капацитетите. 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
ТАЛЕСКА ГО ПОВИКАЛА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КАКО ПРИЈАТЕЛ PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 2 пати
Сабота, 18 Ноември 2017

2 monika taleska

И новинарот, а не во улога на советник, како што стои во пораката на  Моника Талеска, потврдува дека се случила несреќа на 30 октомври, ден пред да почне да работи во Општина Прилеп.

Понатаму таа пишува дека вечерта во мрачните улици што Марјан Ристески му ги остави на градот повикав итна медицинска помош.

- Ѕвонев двапати, броејќи ги секундите, загрижена за здравјето на жената. Јас и уште еден граѓанин повикавме полиција. Два дена ја посетував жената во болница, а нејзиното здравје ми беше единствен приоритет. Впрочем, така размислува човек, кој не планира сценарија, туку сочувствува. Од моментот,кога е пуштена дома, сопругот ми кажа дека сакаат да се средат, потоа би можела да ја посетам. Оттогаш натаму не сум ги видела луѓето, ниту сум контактирала некој од нив. Секој ваш збор дека сум и вршела притисок, дека сум изнудувала криење факти се само ваши конструкции, пуста желба, но само виртуелна, без основа - вели Талеска која истиот ден му ја подаваше  на градоначалникот Јованоски папката со говорот на конститутивната седница на Советот на општината.

3 Screenshot 1

Потоа таа пишува дека дамките коишто се обидува ВМРО - ДПМНЕ да ги фрлите врз рејтингот на новиот градоначалник Илија Јованоски, се чист популизам, познат политички манир, но безуспешен. Етикетите не држат лепак, зашто не како градоначалникот, бидејќи следниот ден почнав со работа, туку како беспрекорен доктор и мој пријател го викнав во моментов на несреќата. Какви притисоци, какви контакти и договарања, криења на факти. Не функционираат сите политичари по добро познатите сценарија на ВМРО-ДПМНЕ ... во кои дури има криење факти и за убиства пишуваа таа и додава:

"Но, ве разбирам, не можете да размилувате надвор од вашата партиска рамка. Добронамерно ви советувам, пребројте се, фокусирајте се на себе. Соберете храброст, и имајте доблест да си заминете од функциите што уште ги држите и во партијата".

Ова го пишува Моника Талеска, еден од новите двајца, на вкупно петтемина портпароли на градоначалникот Илија Јованоски. 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
ДАЛИ Е СКРИЕНА СООБРАЌАЈКА НА ТАЛЕСКА? PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 1 пати
Сабота, 18 Ноември 2017

ВМРО - ДПМНЕ

ОК на ВМРО -  ДПМНЕ во соопштение за случајот со обид за затскривање на сообраќајна назгода на 30 октомври го потсети градоначалникот Илија Јованоски дека минале 14 дена (13.11) и тој упорно молчи за тешката сообраќајна незгода што ја предизвикал шефот на кабинетот на Јованоски, Моника Талеска.

Според соопшението, Талеска со нерегистрирано возило тешко повредила пешак во близина на поликлиниката АЛТЕА. Цела Македонија разбра, а само слободоумните и транспарентни граѓани и функционери од СДС молчат. Дали сте вие истите борци за правда? Дали сте вие луѓето што ветуваа живот за сите? Дали вие шарени револуционери видовте дека настанот го нема и во билтенот од веќе новото крими МВР? Каде се ренген снимките од пациентката тешко повредена? Дали Илија Јованоски уште вечерта вршел притисок во МВР и во Градската болница за овај случај да биде заташкан, а повредите релативизирани? Дали Јованоски е организатор на секојдневниот терор врз пациентот и фамилијата, нудејќи и работни места и оштета во кеш за да се сокрие ова дело??

Ова го кажуваат медиумите. Редно да им одговорите на граѓаните и на вашиот невладино-владин граѓански парламент!

Почитувани прилепчани вие си имате работа со локална власт заштитник на тешки кривични дела!

Го очекуваме и Џабир Дерала од невладината ЦИВИЛ, соросовиот платеник и колега на Моника Талеска да се произнесе за оваа брука, која можела да заврши со човечка жртва стои во соопштението на ОК На ВМРО - ДПМНЕ.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
НАДЛЕЖНИТЕ ДА ЈА ЗАВРШАТ РАБОТАТА ПРОФЕСИОНАЛНО PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 0 пати
Сабота, 18 Ноември 2017

СДСМ

СДСМ  во соопштението за случајот со Талеска одговори дека криминалната ВМРО-ДПМНЕ повторно се обидува да го валкаат дигнитетот на градоначалникот Илија Јованоски, пласирајќи груби конструкции, со намера да манипулира со јавноста.

Понатаму восоопштенито стои дека овие очајнички потези на ВМРО-ДПМНЕ се обид да ја дефокусираат јавноста од успешниот старт на градоначаланикот Јованоски, којшто работи интензивно на сите полиња, на спроведување на проектите од изборната програма. Јавноста не е изненадена. Ваквиот популистички манир е својствен за ВМРО-ДПМНЕ, а граѓаните на изборите ја испратија пораката, не им веруваат на невистините, бараат и очекуваат резултати. 

Затоа СДСМ порачува да не го вплеткуваат градоначалникот во случаи, кои на никој начин не се поврзани со работата на градоначалникот и Општина Прилеп. Доколку не ги повлечат овие конструкции, ќе бидат поднесени тужби за клевета и навреда.

Оставаме на надлежните институции поврзани со случајот да си ја завршат работата на професионален начин, пишува во соопштението на СДСМ. 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 


476

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza