reklama

reklama

reklama

ОТВОРЕНИ НАД 10.000 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 55 пати.
Сабота, 02 Септември 2017

Лидерот на ВМРО - ДПМНЕ Никола Груевски во Прилеп

Gruevski vo industriskata zona   Prilep 1

Општина Прилеп е најнапредна во земјава која нуди можности за изградба на домашни и странски капацитети кои отвораат нови работни места изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при посетата на индустриската зона Прилеп 1 каде се продадени сите 21 локација за изградба на домашни капацитети. Од нив 19 имаат дозвола за градба, пет погони се изградени. Уште четири се во изградба.

- Зоната ќе овозможи 1500 работни места кога целата ќе биде изградена. Сега има околу 400 нови работни места. Се подготвуваат за продажба локации и во индустриската зона Прилеп 2, а ќе има и уште две индустриски зони. Градоначалникот и градот овозможуваат амбиент за отворање капацитети и нови работни места. Паралелно во Прилеп функционира и се гради и технолошко-индустриската развојна зона Алинци во која инвестираше претходната Влада. Веќе постојат фабриките, Гентерм и Акумпласт, а во градба е и фабриката германскиот Вик. Овие фабрики ќе вработат околу 3250 луѓе, без нивните планирани проширувања во иднина. Градоначалникот и општината многу вложуваат во отворање на нови работни места. Во зоните е вложено во изградба на улици, канализациони и водоводни мрежи, потребни за нормално функционирање. Прилеп е најнапреден во изградбата на сопствени, локални индустриски зони за нови работни места - рече Груевски.

Тој смета дека проблем е политиката на новата Влада која на странските инвеститори гледа како натрапници, „како на некои кои многу земале или сакаат да бидат нееднакви во однос на домашните".

- Домашните се многу важни, секогаш сме ги поддржувале, но мора да се привлекуваат и странски. Странските инвеститори не само што отвораат нови работни места, туку им помагаат и им даваат работа на домашните. Сегашниот однос на Владата е голем ризик за доаѓање на идни инвеститори. Со изграденото во локалните индустриски зони од страна на општината и од страна на Владата, создаден е предуслов да доаѓаат нови компании, и домашни и странски, и да се отвораат нови работни места - истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски се сретна и со еден од сопствениците на фабрика во која расте бројот на вработени каде произеденото се извезува во Европа. Прилепчани треба да знаат дека нови работни места ќе има и во иднина.

ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ Е ПЛОД НА ВМРО-ДПМНЕ

- Изградбата на експресниот пат со четири ленти Градско - Прилеп беше обезбедена со пари на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, а не на сегашната  - рече Груевски.

Novi vrabotuvanja vo Prilep 1

Според него, средствата се обезбедени преку грант од 35,4 милиони евра од ЕУ. Во завршна фаза е изборот на најповолен понудувач.

- Овој пат има три фази. Првата веќе се гради поодамна, за втората тендерот се објави во септември лани. Народот знае кога се објавува тендер, со обезбедени финансиски средства и со согласност на банката дека може да се објави тендерот. Таа не само што ги обезбедува финансиските средства, не само што кажува како треба да изгледа тендерот, туку дозволува кога тој да биде објавен - изјави Груевски.

Тој напомна дека објавата била со дозвола на банката која ги обезбедува средствата, што значи дека средствата веќе биле обезбедени.

- Сега новиот министер ги обезбедил средствата. Не знам како кога беа обезбедени пред една година, кога не беше министер. Како и да е, не е важно кој ги обезбедил, важно е да се заврши патот на задоволство на граѓаните. Народот ќе цени кој колку придонел во изградбата на овие патишта. Дај боже да почне барем првиот километар, од 500 километри што СДСМ ги вети како автопат, кои ќе се изградат во нивниот мандат - изјави Груевски.

Изградбата на делницата треба да почне до крајот на годината, а да заврши до крајот на 2019 година.

1 000 ПРОЕКТИ НА РИСТЕСКИ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски се осврна и на работата на градоначалникот Марјан Ристески констатирајќи дека граѓаните се презадоволни од неговиот ангажман.

- Ристески заврши над 1.000 проекти. Последниве четири години  изгради 200 километри канализациона и водоводна мрежа, околу 50 километри пат. Изгради три училишта, четвртото се гради, има изградено, нешто со помош на владата, нешто сам, четири спортски сали и уште повеќе други работи, важни за инфраструктурата на градот, за поквалитетно живеење на граѓаните. Неспоредлив е со било кој пред него. Има уште многу работи да ги заврши според неговите планови - рече Груевски.

Водоводите, канализационите мрежи, патиштата се важни, но според Груевски најважно од сé е што градоначалникот посвети големо внимание на отворање на нови работни места, на созадавање услови да се отворат нови работни места.           

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com

НАЈНОВИ ВЕСТИ ОД ОВАА КАТЕГОРИЈА:

 

468

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza