reklama

reklama

reklama

КОНСТИТУИРАН ГРАДСКИОТ СОВЕТ PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 37 пати.
ПУЛС
Сабота, 04 Ноември 2017

Миле Талевски - претседател на Советот

7307-mile-taleski-e-noviot-pretsedatel-na-sovetot-na-opshtina-prilep-960x600-20

На конститутивната седница на новиот Совет на Прилеп, мнозинството советници му дадоа доверба на советникот Миле Талевски, носител на листата на СДСМ и коалицијата да биде новиот претседател на Советот на местото на досегашниот Никола Димески. Во новиот состав на градскиот парламент СДСМ и коалиционите партнери партиципираат со 15, а од ВМРО-ДПМНЕ со 12 советници.

Новиот претседател, Талевски изјави дека функцијата е можност да се придонесе за развој, посветла иднина и просперитет на општината.

7307-mile-taleski-e-noviot-pretsedatel-na-sovetot-na-opshtina-prilep-960x600-1

- Нема да дозволам во Советот, наметнување на волјата на мнозинството врз малцинството, ниту пак ќе има слепо наметнување на волјата на градоначалникот врз советниците. Пред нас е историска шанса во наредните 4 години да донесеме одлуки, што ќе значат придобивки и прогрес на општината за подобрување на животот на младите и за стимулирање да останат и да работат во Прилеп -  рече Талевски.

Според него Советот ќе работи на одлуки за градба на современа патна инфраструктура, отворање на нови работни места и привлекување на домашни и странски инвестиции.

7307-mile-taleski-e-noviot-pretsedatel-na-sovetot-na-opshtina-prilep-960x600-17

- Затоа е потребна отворена и искрена соработка меѓу сите  политички партии со членови во Советот. Ги уверувам граѓаните дека сите проблеми ќе бидат ставени на дневен ред на Советот" - најави Талевски.

Градоначалникот Илија Јованоски им го честиташе мандатот на новите советници и вети подобар живот за граѓаните.

- Се надевам дека сите заедно успешно ќе ја водиме Општината, без разлика на припадноста на политичките партии - изјави Јованоски.

На првата конститутивна седница беше избран новиот состав на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

АРХИВА

475

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza