reklama

reklama

reklama

САМО ВИСТИНА! PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 34 пати.
ЈАЗИЧЕН АГОЛ
Сабота, 04 Ноември 2017

ivce1Во емисијата „Само вистина“ на една телевизија се зборувало, или требало да се зборува само вистината. Тешко на вистината, но добро, емисијата се вика така.

Да видиме некои јазични „вистини“ од неслучајните луѓе. Се одржуваа Струшките вечери. Имало многу говорители. Еден наш писател дава осврт. Зборува дека говорите биле долги, здодевни и вели: "Па затоа некои од нив беа растегнати, бесконечни и безмерни како кобасици". Во нашиве ресторани келнерите често нудат "кобасици", но писател треба да знае дека тоа се КОЛБАСИ. А вели тој дека имало и убави искажувања. Посебно било впечатливо УСМЕНОТО излагање на министерот за култура. Не сме го слушале излагањето, но тоа можело да биде УСНО, а не УСМЕНО. Немаме ние именка УСМИНА, ниту придавка - УСМЕНО. Ете, излегува и тоа од устата на писател.

Се зголеми минималната плата. Пратеник од опозицијата гордо изјавува: "Со ваквото решение луѓето ќе имаат можност за минимален живот". Можеби некогаш ќе ни каже како изгледа МАКСИМАЛЕН живот. Признаваме дека досега не сме чуле за МИНИМАЛЕН и МАКСИМАЛЕН живот.

Политичар објаснува за помошта што би ја добиле фирмите, односно, кои ќе бидат тие. Вели: "Помош ќе добиваат фирмите кои ќе вработат повеќе запослени". Убава реченица, нели? Зборот ВРАБОТЕН веќе одамна, многу одамна е влезен во употреба како неологизам, како нов збор. На политичарот уште му се мешаат тие работи. Повеќепати направи таква испомешаност. Ни објаснува дека помош ќе добиваат фирмите кои ќе ЗАПОСЛУВААТ повеќе ВРАБОТЕНИ.

Сме слушале, а и практиката тоа го потврдува, дека јазикот треба да го познаваат добро само оние што завршиле Филолошки факултет. На пример, искажување на лекар на ТВ. Тој правеше многу грешки. Ја забележиме реченицата: "На таков начин се создаваат жулјеви". Оваа грешка ја прават мнозина и веруваме дека пишуваат ЖУЉЕВИ. Ако веќе треба да се напише тој збор, ако има некоја посебна причина за тоа, би се напишало ЖУЛЈЕВИ. Тој збор го нема во нашиот јазик. Имаме ние глагол ЖУЛИ - "Ме жули чевелот". Но кај нас од ЖУЛЕЊЕТО се создаваат ПЛУСКАВЦИ, а не ЖУЛЈЕВИ.

Да се вратиме на емисијата "Само вистина". И водителката не секогаш ја почитува вистината. Отстапува од значењето на насловот и прави грешки. Ќе ја набележиме последната што ја регистриравме. Темата беше нешто во врска со новинарството, со слободата на медиумите и така натаму. Соговорникот - политичар, министер. Водителката прашува за проблемите што ја интересираат, а тој одговара и го објаснува ставот на владата во врска со таа проблематика. Водителката прашува: "Ќе водите ли рачун за локалните медиуми"? Па, госпоѓо водител, нели насловот на емисијата гласи "Само вистина". Ноторна вистина е дека во македонскиот јазик именката гласи СМЕТКА, а не РАЧУН.

Еве ја нашата вистина! Новинари, политичари, доктори, никој не води "рачун" за јазикот. Никој никому не поднесува СМЕТКА за тоа.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com

НАЈНОВИ ВЕСТИ ОД ОВАА КАТЕГОРИЈА:

 

АРХИВА

475

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza