reklama

reklama

reklama

ВИДЕЛО ЗА „КРСТО ГЕРМОВ ШАКИР - СПОМЕНИ“ PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 24 пати.
КУЛТУРА
Сабота, 04 Ноември 2017

Библиотеката ја издаде  книгата „Крсто Гермов Шакир - спомени“ посветена на војводата во прилепско мариовскиот крај. Редактор е Славчо Ковилоски, кој го подготви воведот и белешките.

„Крсто....“ е распослан на 109 страници преку дел од документите  чувани во Институтот за национална историја во Скопје. Станува збор за значајно сведоштво за изминатиот пат на овој македонски револуционер познат како Шакир Војвода. Книгата го доловува македонското револуционерно  движење од крајот на 19 и почетокот на 20 век.

- Шакир одблиску пренесува секојдневие на македонски револуционер исполнет со агитација меѓу населението, со внатрешни организациски несогласувања, со опасности од судирот на аскерот, башибозукот и четите на пропагандите, со опасностите од предавства - вели Славчо Ковилоски.

Инаку, библиотеката утре и в недела, за месецот на книгата, ќе ги одржи манифестациите, "Избор на најдобар рецитатор" и "Избор на најдобра лична творба", во кои се вклучени учениците од основните и средните училишта, студенти и членовите на литературните клубови.                

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

АРХИВА

476

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza