reklama

reklama

reklama

ЕМ ГРАВ, ЕМ ТУРА PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 31 пати.
ОКО
Сабота, 04 Ноември 2017

- Ош... Гелден ефенди Жика.

- Ош... Отур бурда. Тамам за тебе праевме муабет, а ти оп тука.

- Шо толку секирација за мене. Малце ви се другите гајлина, уште јас ви требав.

- Такви сме по природа. Добар чоек да не се роди.

- Не се колни многу, туку зини и истиши се.

- Ти некни порача грав плетварски или не.

- Да бе порачав. Го донесе бе Кралче! Ако не, гледај да стаса до Свети Никола.

- Еве го носам. Зборо, збор - две кила. За тебе до Свети Никола, ако треба, че ти донесам уште десетпати.

- Ти шо мислиш само грав че јадам, да си го расипам стомако. Чувај си го за тебе. Туку дај го да го приберам.

- Еве две кила. Фазла е, ама ако, нека оди нешто од мене.

- Еј, овде две кила!? Ајле лабоо најлончево. Жика ти личи овде да има толку?

- А бе дај да видам. Можи... Ама знајш дека со пивце поарно мислам.

- Ние не че клепаме, ти ко че цуцаш. По една пијачка за сите. А Кралче, шо велиш. Ако има две кила, ќе пијаш пијачка, а ако нема ќе ја плајчаш турата.

- Бесо ве ватил. Зар јас тебе да те лажам. Плус, најде кој да пресудува. Ти знајш дека Жикава е бетар од Баце Пејо. Че нé насамари.

- Ние не сме негојте мариовци, да му го опрам. Знајш кое време сме сега?

- Знам, ама во него верба никако.

- Добро бе Кралче, ако немаш верба во мене, нека пресуди двојазичниов Диме. Шо велиш ти?

- Многу не се разбирам, ама ако е за пијачка, че размислам.

- Ако почни Диме да мисли, ни се еба мајката. Тој со пијачката и јадачка че побара. Туку дај да викнам една тура, барем парите од граво да ми стасаат, да не почнам да вадам од моите. И појче ти грав плетварски нема да јадиш од мене.

- Кој ти е крив.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

АРХИВА

475

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza