reklama

reklama

reklama

БАКАЛНИЦА ВО СРПСКОТО PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 26 пати.
ОКО
Сабота, 04 Ноември 2017

6  Bakalin pred bakalnica

Полно трговци низ градот меѓу двете светски војни го обезбедувале населението со основните животни намирници, што не се произведувале во  околината на градот. Во бакалниците се продавало нерафинирано, матно масло од сончоглед, кое се точело од канти, потоа, шеќер за засладување на чајот и за подготовка на некоја домашна татлија за празник и именден. Граѓаните и жителите на населените места доаѓале во градот да купат и газија за осветлување на домовите и просторите за одгледување на добитокот, кибрит... На импровизираните тезги пред дуќаните во сандачиња се поставувале и лимони и маслинки, донесени дури од Солун со арабаџиски коли, влечени од ѕевгар волови. Бакалниците биле привлечни за децата, оти "врткале" по некое бонбонче, направено од мајсторите за локум. Дел од дуќаните биле мали маркети. Се продавале и басми за облека, за руво за невестите, асе за постелнина, свила за јоргани и други ткаенини од Стамбол.

Скромна дури и сиромашна била живеачката дури и кај чорбаџиите, не пак кај семејствата кои егзистирале главно од тутунопроизводство.  

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

АРХИВА

475

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza