reklama

reklama

reklama

СТАТИСТИКАТА КАЖУВА СЕ PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 89 пати.
СПОРТ
Недела, 26 Ноември 2017

Фудбал: Победа наместо победи, реди порази

- Против Силекс само два шута и еден корнер

Fudbal

Ниту најголемиот песимист не можеше да предвиди стрмоглав пад на Победа. Тимот којшто изваде реми во Тетово со Шкендија, дома го совлада Вардар, а во Струмица и Академија Пандев, немоќен беше на трите последни меча, на кои даде два, а прими дури 11 гола. По катастрофата од Пелистер за купот во Битола (5-2) следеа нови во првенството, од Работнички во Скопје (4-0) и од Силекс дома (0-2).

Стручниот штаб и фудбалерите најдобро можат да заклучат каде е проблемот. На последниот меч со Силекс Победа упати само два сериозни шута кон гостинскиот гол, првиот крај дирекот, вториот го одбрани голманот. Изведе само еден корнер, во 70 минута. Дека кратовчаните ја заслужија победата доволно е да се каже, оти изведоа два корнера, шутнаа седумпати кон домашниот гол, дадоа два гола, а петпати одбрани голманот.

Во таборот на Победа се самокритични. Еве дел од забелешките: ,,Од почетокот евидентна беше нервозата и преголемиот набој. Наместо играчите да се концентрираат и фокусираат на играта, некои беа преокупирани со противникот и судењето. Со таквиот пристап се внесе непотребна нервоза, се наруши ритамот и планот. Тешко и бавно одеше организацијата, средниот ред не успеа да ја пробие гостинската дефанзива, а обидите со долги и високи топки беа лесен плен за противникот".

Поразот ја спушти Победа на претпоследното место од прволигашката табела. До крајот на есента претстојат три првенствени меча за поправање. В недела е гостувањето на последното Скопје, потоа два дома, со Пелистер и Ренова. Шансите постојат, а услов е да не се повтори играта од претходните три изданија.

Табела: Шкендија 40, Вардар 29, А. Пандев и Силекс 25, Работнички 20, Шкупи 19, Ренова 17, Пелистер и Победа 15, Скопје 10.

Рамка

В среда за куп

В среда (13 ч.) на Могила е реваншот од четвртфиналето на Купот, Победа - Пелистер. Тешко е да се достигне предноста на битолчаните (5-2) и добро ќе биде ако се забележи барем каков бил триумф. На овие пелагониски дуели Пелистер е непоразен во серија од шест меча.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

АРХИВА

479

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza