reklama

reklama

reklama

САЛИДА ГО ПРЕДАДЕ ДОМАЌИНЛАКОТ НА ЈОВАНОСКИ PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 611 пати.
ПРАЗНИК
Сабота, 23 Декември 2017

Одбележан празникот Свети Никола

1

И 12-ото издание на одбележувањето на патронот на градот Свети Никола се чествуваше во центарот на градот со богата посна трпеза. Празникот се одбележа со светата божествена литургија во црквата Свето Благовештение со која чиноначалствуваше митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски, г.Петар. Точно на пладне, пред параклисот Св.Никола се изврши водоосветување и прережување на празничниот колач.

За празничниот ручек, на богатата и посна трпеза прилепчани беа послужени со 60.000 посни светиниколски сарми, 700 килограми грав, 500 килограми риба, ракија, вино и разни безалкохолни пијалаци.

Заблагодарувајќи се што имаа чест да бидат годинешни домаќини на градската слава, сопствениците на хотелот Салида, семејството Ѓорѓиоски,  му го предадоа кумството за следната година на семејството на градоначалник Илија Јованоски.

- Домаќинството ни донесе среќа и бериќет. Чест ни е мене и на моето семејство што сме домаќини за градската слава - рече Ице Ѓорѓиоски,.

Честитајќи им ја градската и домашната слава, градоначалникот Јованоски рече дека празникот е значаен ден за прилепчани.

- Чудотворецот Свети Никола е исцелител и заштитник на морнарите и заштитник на Прилеп. Ќе ја продолжиме традицијата со надеж дека ќе донесе добро за градот и за сите нас - нагласи Јованоски.

2

3

5

6

7

DSC04550

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com

НАЈНОВИ ВЕСТИ ОД ОВАА КАТЕГОРИЈА:

 

АРХИВА

483

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza