reklama

reklama

reklama

БЕЛ ДЕН ЗА ПРВИОТ АРХЕОЛОШКИ ИНФОРМАТОР PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 30 пати.
КУЛТУРА
Сабота, 23 Декември 2017

Здружението Менелај во просториите на Археолошки музеј на Македонија  во Скопје ќе го промовира првиот број на Археолошки информатор, академско списание од областа на археологијата и културното наследство.

Станува збор за електронска и печатена публикација, која ќе се издава еднаш годишно двојазично, на македонски и на англиски јазик. Информаторот објавува академски трудови на научните и стручните работници кои го истражуваат и презервираат културното наследство во Македонија. Во уредничкиот одбор се професионалци од областите на археологијата и историјата на уметност, а на негово чело е проф. д-р Елица Манева.

Во првиот број објавени се 23 авторски трудови, меѓу кои и на неколкумина прилепски автори. Електронската верзија е веќе достапна на веб-страницата.

Здружението Менелај е активно од 2015 година, а негови главни цели се истражување, промоција и заштита на културното наследство на Македонија.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

АРХИВА

483

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza