reklama

reklama

reklama

ВТОРИ ДРАМСКИ ВЕЧЕРИ PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 69 пати.
ПЕТКА
Сабота, 23 Декември 2017

СОУ „Ѓорче Петров

SOU Dramska sekcija

По вторпат, на иницијатива на драмската секција на СОУ „Ѓорче Петров“, училишната младинска организација и телото Дете - правобранител, се одржа драмската вечер со помош и соработка на Коалицијата на младински организации СЕГА со локалната членка Младински совет Прилеп. Манифестација имаше хуманитарен карактер. Идејата е да се анимираат младите да се вратат кон вистинските вредности, да умеат да ја ценат уметноста и духовното богатство.

- Настанот започна со гостите од драмската секција на СОУ „Ристе Ристески - Ричко", којашто ја изведе претставата ,,Еден училишен час", под менторство на проф. Андријана Челебитова. Улогите ги толкуваа: Анастасија Ристеска, Рената Миноска, Галена Стојаноска, Андреј Златаноски, Игор Моцаноски, Маријана Јовческа, Стефанија Петреска, Викторија Стојаноска, Илија Биноски, Немања Бабович, Димитар Атанасоски, Дамјан Преспаноски,  Рубин Ацески  и Анастасија Конеска. Посебен впечаток предизвика премиерната изведба на комедијата „Љубовна династија", според сценарио на Филип Стојаноски, нашиот почесен и верен член. Улогите ги толкуваа: Константин Василески од 4-7 кл.; Филип Стојаноски; Антониј Колески од 4-7 кл.; Андреа Јованоска од 1-2 кл.; Круме Талески од 4-3 кл; Харалампие Тасески од 4-3 кл.; Валерија Чавлеска од 3-1 кл; Ивана Настеска од 2-1 кл; Матеа Богданоска од 2-3 кл; Ана Јорданоска од 3-8 кл; Сара Сурлаџиоска, Димитар Ристески, Џеладин Шериф од 1-2 кл; Марија Недеска, Леонид Момироски и Ѓорѓи Кузески од 1-8 кл. Атмосферата на драмските вечери ја исполнија и звуците на изведбите на нашите ученици чија голема љубов е музиката. Настапи пејачката група "Nervous musicalis" на СОУ „Ѓорче Петров", со изведбата на сплет песни од групата АБА, под менторство на професорката по музика Наташа Велеска, а составена од ученичките: Теодора Стојческа, Стефана Најдоска, Марија Јаковлеска и Елена Врбоска. Свое музичко претставување имаа и учениците: Михаил Алексоски од 3-1 кл. и Марија Јаковлеска од 4-1 кл - објаснува професорката Билјана Тинтоска.

Драмската секција на СОУ „Ѓорче Петров", под менторство на професорката по македонски јазик и литература, Билјана Тинтоска, постои и успешно работи од 1999 г. и бележи многу постигнувања и на локално и на државно ниво и учествува и во многу хуманитарни активности. Го поттикнуваат негувањето на љубовта „кон штиците кои живот значат".  

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

АРХИВА

483

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza