reklama

reklama

reklama

ПЕТОКРАКА НА ЈАДРАН PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 267 пати.
ОКО
Сабота, 23 Декември 2017

7 Centarot na Prilep pred 60 godini

Спокојни 50-тите години во Прилеп. „Залегнала“ белата убавица - Старата пошта, на местото каде што е сега Комерцијална банка, и до неа Синдикалната зграда. Пред неа хортикултурно уреден зелен парк со патеки низ него.

Тука е и Куршумли ан, остатоци од некогашен ан, а спроти него би требало да се наоѓаат ановите, на местото од  Домот на културата , кој се уште го нема на сликава ни како идеја.

Од другата страна кај сегашниот плоштад се наоѓа некогашниот плоштад наречен Слобода. Кадрото го "фатило" делот  со велелепни згради, со интересен изглед. Веднаш спроти  поштата има споменик. Се гледа дури и петокраката на урнатиот хотел на Чесновци - Јадран. Сведок за едно време кога ѕвездата беше водилка.

Тука е Булеварот издолжен како писта. Гол без липите. Само бандерите ја раскршуваат идиличната слика на едноставно, просто, но гордо, чисто како аптека.

Куќите во градот го прегрнале од двете страни Булеварот. Како да знаат дека тука е и ќе биде центарот на случувањата.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

АРХИВА

483

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza