reklama

reklama

reklama

ДРЖАВАТА Е СПАСУВАЧКА ГУМА ЗА ЛОКАЛНИТЕ МЕДИУМИ ОД ИЗУМИРАЊЕ PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 40 пати.
АКТУЕЛ
Сабота, 03 Февруари 2018

Аналитичарите Орданоски и Арсовски

20180123132922.m2ts.Still001-1024x576„Доколку локалните медиуми не бидат субвеницонирани на некаков начин од страна на централната и локалната власт, ќе продолжи процесот на замирање на медиумите кои ќе сакаат да бидат независни, а од друга страна ќе продолжи едно политичко-партиско злоупотребување на медиумите кои ќе постојат, а ќе бидат осудени на некаква елементарна поддршка од градоначалниците“. Ова е суштината на расправата на темата "Какви медиуми му е потребна на Прилеп?", на која учествуваа аналитичарот Сашо Ордановски и комуникологот Петар Арсовски. 

Ордановски рече дека на градот му недостасуваат медиуми за застапување на јавниот интерес, чие успешно функционирање е тесно поврзано со нивното финансирање.

20180123133334.m2ts.Still001

- Локалните медиуми треба да се застапници на јавниот интерес, а не на политички, партиски или бизнис интереси. Прашањето е во тесна врска со тоа како се финансираат медиумите, што значи дека нивната независност зависи од тоа како опстојуваат. Во македонски услови одговорот би бил дека треба да бидат комерцијални медиуми. Но, знаеме дека одржувањето на медиумот само од комерцијални интереси е невозможно. Локалните медиуми не можат да опстојат додека не се постави субвенционирање на медиумите, како на локално така и на централно ниво. Темата треба да биде покрената од самите нив - вели Ордановски.

Според него, најверојатно преку ЗНМ, кое ги застапува интересите, би требало да се покрене дебата како да се дојде до субвенционирана помош за опстојување и растење на локалните медиуми.     

- Бидејќи пари нема, но гледаме дека кога постои политички интерес, градоначалниците сакаат да даваат пари, па потоа да се сликаат по телевизиите, да даваат коментари за порталите и радијата, кои тие ги финансираат, се мисли од нивен буџет, иако тој буџет во суштина е буџет на граѓаните кои живеат во општината - додава Ордановски.

Комуникологот Петар Арсовски смета дека локалната економија не е на такво ниво да може медиумите да опстанат без поддршка од државата.

-  Тешко се опстојува на локално ниво особено кога станува збор за мал пазар. Не сме Германија или САД да имаме развиено добра локална економија. Локалните медиуми се поблиску до локалните теми и треба да се поддржат. Државата мора да најде начин да ги спаси локалните медиуми - објасни Арсовски.

За него, прашање е начинот како да се обезбеди функционирање на независност и егзистенција за локалните медиуми.

- Мора да има некоја финансиска интервенција од државата преку финансирање на проекти на Агенцијата за медиумски и аудиовизуелни услуги. Треба да се размисли за модел, бидејќи локалните медиуми имаат поблиска врска со граѓаните. Во спортивно, ќе продолжи трендот на изумирање на локалните медиуми - рече Арсовски.

Се констатира дека покренувањето на иницијатива за основање нов медиумски оператор е од голема важност и од интерес на локалната заедница.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com

НАЈНОВИ ВЕСТИ ОД ОВАА КАТЕГОРИЈА:

 

АРХИВА

488

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza