reklama

reklama

reklama

МАРУЛ ВО „МАТИЧНИТЕ“ КНИГИ (3) PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 245 пати.
Фељтон
Сабота, 03 Февруари 2018

Фељтон: Белешките на Томе Велјановски

Screenshot 1

- Прилепчанецот Томе Вељановски кој живее во Гетеборг во Шведска, долги години е хроничар на времето. Уште како млад ги прибележувал сите податоци и настани кои се случувале во негото родно село Марул. Со цел да ги заштити од заборавот, Велјановски пренесува податоци за венчавките, склучените бракови и настаните кои биле карактеристични. Објавуваме списоци на имиња и презимиња во вид на записник број 4 во кој се внесени, како што вели авторот "повеќе работи од Марул во Марул. Старосвати, нунчеви, девери - големи и мали, вдовци, вдовици, раненици, раненички ... Податоците, некои и со правописни и граматички грешки, се според прибелешките и сеќавањата на Томе Велјановски на дијалект и разговорен јазик.

4: Марулски мажи кои останале вдовци и се прежениле

4. Мале Ралески од с. Бонче дојден домазет во с. Марул за Мара, ќерка на Ристе Дамјанов. Некаде во 1780 г. се делиле синовите на стариот марулец Дамјан. Никола, Јанко и Ристе. Ристе немал машка челад. Се одлучил за ќерката Мара да í земи домазет. Домазет зеле од с. Бонче. Се викал Мале од Ралевци, доселени од с. Лопатица, прилепско. Младото момче Мале кога дошло кај Мара, со него си го донесол овчарското куче Мурџе. Мара и Мале, првото дете што му се родило било машко и го крстиле Ристе, на дедо му, таткото на мајката Мара. Мале станал домаќин во куќата. Секаде каде што одел, в поле, по работа, кучето си го носел со себе. Од името на кучето, потомството на Ристе го добило прекарот Мурџевци. Ристе оставил потомство по ќерка му Мара. А додека на Никола и Јанко сеуште се потомства по машка лоза. Никола имал син Дамјан, на дедо си имењак. Неговото потомство го добило името Дамјановци. Потомството од братот Јанко го добило презимето Јанковци кој и ден денес неговото потомство го носат името Јанковци. Нивните рајатски ниви се со заедничка меѓа и ден денес. Овие стари деленици родството го одржуваат денес преку верски врски, се ставаат законџии, нунчевци, девери итн. Како што кажуваше бончанецот Јове Карадака ралевци немале голема дарба со стоката. Така да како деца воловарчиња, ако воловите си дојделе дома со празни стомаци, родителите ги карале:. Воловите се гладни, да не ги пасеше со ралевци. Во тоа има вистина. Мурџевци кога одеа овчари, во нивниот булук мораше да има овца со нога скршена. Генетиката ја прикажуваат нивните потомства следена со векови. Кога се делеле Дамјановите синови, Ристе, Јанко и Никола живееле во западното маало во селото. Ристе останал на старото огниште, денес мурџеското место. Јанко се преселил во средно маало, денешното Јанкоско место и постанале беговски момци. Никола се преселил во јужно маало, денешното место на Василовци, Дамјановци и Котевци. Од Никола потомството се денешните Василовци, Дамјановци и Котевци. 1. Ристе, Мара, Ристе, Митре, Ристе, Јован, Коста, Љубчо, Елеонора. 2. Јанко, Јован, Ристе, Ѓорче, Ристе, Ладе, Тане, Николина, Александра. 3. Никола, Дамјан, Ристе, Васил, Стојан, Милан, Трајче, Сашо, Милан. 4. Никола, Дамјан, Стојан Коте, Илија, Ѓорѓија, Марија, Каролина, нејзиното дете. Вака накратко е прикажано нивното потомство, има повеќе лози на нивни потомства. Раскажале повеќемина постари марулчани. 1. Стојаноски Котев Илија 1876-1972, Николов потомок. Јанкоски Ѓорчев Крсте 1908 - 1985, Јанков потомок. 3. Петрески Цветанов Ванчо 1923 - 2013, Ристев потомок.

5. Кормакоски тале од с. Маково дошол домазет во с. Марул за Голабоска Николева Мара. Гулабоски Ристе Николе имал пет деца, сите биле девојчиња. Николе и жената му Дуна за најмалата ќерка Мара во 1896 г. зеле домазет. Домазетот бил тале Кормакоски од с. Маково. Мара и тале изродиле три деца девојчиња: Благуна, Василка  и Крста. Во 1917 г. таткото Тале и двете деца Благун аи Василка умреле. Мајката Мара ја зела Крста и се преселила во Прилеп. Таму се премажила за Ристе Димески од с. Црничани, битолско. Набргу мајката Мара во Прилеп умрела, По војната Ристе очуво со паштерката Крста се вратиле во Црничани. Кога подпорастила Крста, очувје Ристе ја омажил за Ристе Кузумо од с. Дедебалци. Крста и Ристе имаат повеќе деца: Алекцо, Трајан, Љуба, Панда, Благоја и Ѕвезда.

(продолжува)

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com

НАЈНОВИ ВЕСТИ ОД ОВАА КАТЕГОРИЈА:

 

АРХИВА

488

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza