reklama

reklama

reklama

СЕ ТОКМИ МОНОДРАМАТА „ПОФАЛБА НА ЛУДОСТА“ PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 30 пати.
КУЛТУРА
Сабота, 03 Февруари 2018

Театар „Чин 4 сцена 5“

„Пофалба на лудоста“ од Еразмо Ротердамски е првата професионална театарска претстава која ја подготвува приватниот театар „Чин 4 сцена 5“. Се работи за монодрамски текст во изведба на Милан Секулоски. Премиерата на независниот проект се очекува при крајот на март.

- Се одлучивме за овој текст, бидејќи со сензибилитетот е близок до нашите размислува, иако е напишан пред 500 години. Тој е актуелен и длабоко соодветствува со сите денешни сфери на живеењето - бракот, пријателството, религијата, политиката... - вели Саша Нацевски, раководител на театарот.

Приватниот театар најавува гостување во Хрватска на фестивалот "24. Денови на хрватскиот театар" во Херцеговац со претставата "10 начини да преживееш апокалипса на зомби", во режија на Саша Нацевски.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

АРХИВА

488

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza