reklama

reklama

reklama

АФРОДИТА - ВЕНЕРА ОД АЛИЧАИР PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 126 пати.
КУЛТУРА
Сабота, 03 Февруари 2018

Посебно впечатливи наоди од Аличаир можат да се сметаат две култни слики на мермерни споменици пронајдени при градба на стамбена зграда во 1977 година. На едната, се работи за два лика на божици кои ги опишува археологот Коста Кепески од Завод и Музеј. Првиот лик ја претставува античката божица Афродита, односно Венера (во римската митологија), изработена на помала мермерна плоча со доста неправилна форма.

Мермерниот споменик со ликот на Афродита од Аличаир не е од врвен квалитет, но е доказ дека нејзиниот култ бил присутен и во Македонија. Со наодот, таа се приклучува кон многуте богови од антиката, пронајдени на различни споменици.

Мермерната плоча со релјефен приказ на ликот на античката божица на плодноста Афродита е висок 24 сантиметри и широк 14 сантиметри, а кон врвот се стеснува. Главата на божицата е тркалезно поставена, покриена со плетена коса и со нешто кое би можело да биде капа со малку необична форма. Со левата рака божицата ја придржува десната дојка, а со десната дел од лесната ткаенина со која е покриено нејзиното тело. Со ткаенината е покриена десната нога, а делумно и левата. Има и придружни елементи кои ги доловуваат особините на божицата. Од десната страна е делфинот кое е едно од морските животни поврзано со Афродита.

Според митолошкото предание, таа е родена од морската пена и сосема гола се појавила на бреговите на островот Кипар. Приказната не води во генерациската расправа меѓу боговите татковци и деца кои се борат за превласт. Таткото бог Уран влегува во кавга со својот син бог Крон и во таа кавга Крон го исекол на парчиња својот татко и го фрлил во морето. Афродита се родила од морската пена кога таа се собирала околу гениталиите на Уран. Според друго митолошко предание, Афродита е ќерка на врховниот бог Зевс и Диона, ќерка на Океан и морската нимфа Тетида. Имало и верување дека Афродита настанала од воздухот и земјата и секаде каде што се движи по неа растат трева и цвеќиња. Главното светилиште е на Паф на Кипар.

На култната слика Афродита има појас кој исто така е од посебно значење за оваа божица на убавината, љубовта и плодноста. Појасот бил волшебен и секој се вљубувал во оној што го носи. Иако Зевс, како негова ќерка, ја мажи Афродита за кривоногиот бог на ковачкиот занает Хефајст, таа има повеќе љубовни афери меѓу кои и со смртници. Еден од смртниците во кои се заљубила бил и Анхис, крал на Дарданците, внук на Ил кој е еден од родоначалниците на Троја и Тројанците. Анхис, според митологијата, е татко на Ајнеј кој се родил од љубовта со Афродита. Ајнеј е и еден од јунаците на Тројанската војна на страната на Тројанците, кој по паѓањето на овој стар град, со својот народ Дарданците, оди во Италија каде што, според митолошките приказни, е родоначалник на императорската лоза на Јулијанците од кои потекнува и Јулиј Цезар. Патешествието на Ајнеј до брегот на Италија го опишл римскиот поет Вергилиј во т.н Ајнеида која е пишувана по примерот на Хомеровите епови Илијада и Одисеја.

Позајмено од книгата

Древна цивилизација од Тренчо Димитриоски

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

АРХИВА

488

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza