reklama

reklama

reklama

ХУМАНОСТ НА ДЕЛО PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 210 пати.
ПЕТКА
Сабота, 03 Февруари 2018

humanitarnaСОУ Гимназија „Мирче Ацев

Вторпат гимназијата „Мирче Ацев“ организираше хуманитарна акција за Домот за деца доенчиња и деца без родителска грижа во Битола. Се вклучија и членови на Младинскиот интеракт клуб од Прилеп и Битола, кои организираа хуманитарна забава под наслов „Неон парти". Од забавата собрани беа средства со кои се набавија чаршави за креветчињата во домот и средства за лична хигиена. Атмосферата при посетата била збогатена со вештите раце на неколку гитаристи и распеаните и весели ученици кои со љубов и радост ја исполнија просторијата и донесоа насмевки и задоволство на децата згрижени во Домот. Во акцијата несебично се вклучила бившата гимназијалка Катерина Иванова Вангелова, која донирала повеќенаменски апарат за подготвување на храна, а редовниот поддржувач на сите хуманитарни акции Витаминка донирала пакет производи и подароци. 

 

 

 

 

 

humanitarna Gimnazija- Целта на акцијата е да им посветиме колку што може повеќе внимание и да им подариме малку повеќе радост на најчувствителната и најранлива категорија деца, згрижени во Домот, а воедно и да се поттикнат на солидарност и хуманост сите други категории на граѓани за несебично да ги споделуваат своите материјални и духовни вредности - пишува на веб страната на гимназијата.

Хуманитарна акција беше во чест на Св. Никола, патронот на градот, во координација на професорот Ружа Ангелеска. 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com

НАЈНОВИ ВЕСТИ ОД ОВАА КАТЕГОРИЈА:

 

АРХИВА

488

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza