reklama

reklama

reklama

ИМА УШТЕ ПРАЗНИ МЕСТА ВО ПОБЕДА PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 130 пати.
СПОРТ
Сабота, 03 Февруари 2018

Фудбал: Во тек се подготовките

Нови имиња во Управата, Стручниот штаб и во екипата

Moment od mecot so Macva

Промени има насекаде, така што не е никакво изненадување што бранот ја зафати и Победа. Изгледа беа неизбежни. По многу неизвесности добро е што работите почнаа да се движат. Прва вест беше прифаќањето на тренерот Славољуб Бубања да продолжи и во пролетниот дел, а штом тој отстрана не ги загуби надежта и вербата, тогаш оптимизмот е тука и со доаѓањето на новото раководство. Нов извршен директор е Ирена Јакимоска, како нејзин наследник најавен е Небојша Стојковиќ, а спортски директор Јане Николоски. Самото спомнување на овие имиња ветува движење нагоре на организациски план.

Сепак, фокусот е свртен кон играчкиот кадар. Тука има многу промени. Засега нови се голманот тоФилоски овратен од Ерменија, Камерунецот кој дојде од Аргентина, Мунпаин, Лога од Струга (за врска), Црногорецот Ивановиќ (напад). На проба се неколкумина, меѓу кои Србинот Недељковиќ (полушпиц). Од останатите треба да се спомнат тие што се повратници, како стоперот Хумбатов, бекот Колевски, двајцата што се зборуваше дека ќе заминат, а останаа - бранителот Илиески и за врска Најдовски. Сосема извесно дека списокот уште не е затворен. На тоа упатуваат и трите пораза без даден гол (0-2 од Шкендија, 0-1 од Ренова, 0-3 од Мачва) на пријателските средби. Завчера беше дуелот со Јавор (1 -4 ), а закажани се уште три: денеска со Дрита, в сабота со Македонија ЃП, вторник со Осогово.

Има време до 14 февруари да се дотера формата за првиот пролетен дуел дома со Пелистер. Велиме дома, бидејќи и покрај многу притисоци од конкурентите, ФФМ ќе го прифати стадионот Могила за место каде како домаќин и натаму ќе игра екипата на Победа.

Мегленски помошник

Тони Мегленски е назначен за асистент на Славољуб Бубања. Се работи за големо име, поранешен капитен и репрезентативец. Се враЌа во клубот по една година. Има А тренерска лиценца.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com

НАЈНОВИ ВЕСТИ ОД ОВАА КАТЕГОРИЈА:

 

АРХИВА

488

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza