reklama

reklama

reklama

НАДЕЖНА НЕДЕЛА PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 17 пати.
СПОРТ
Сабота, 03 Февруари 2018

Ракомет

Апсолутно ништо нема ново со ракометниот суперлигаш Прилеп. Нема прв собир, што подразбира дека нема активности првиот тим. Дознаваме дека тренираат само младинците. Вака не било досега. Изминатите години благовремено, по новогодишно - божикните празници, почнуваа тренинзите. Се знаеше со каков играчки кадар ќе се настапува. Сега? На сите играчи им било кажано дека имаат отворена врата и можат да заминат безусловно. Некои тоа право го искористиле, други уште прашувале дали има подобрување на условите. Никој не е начисто што може да се случи со клубот. Штета ќе биде ако се дозволи отпаѓање од Супер лигата, оти шансите за опстанок се реални. Некои велат дека има надеж дека нешто може да се случи по конференцијата во РФМ викендов. Можеби ќе имало некаков предлог за излегување од оваа ситуација. Ако нешто се подобри, ако нешто се обезбеди од финансиски аспект, можеби ќе дојде до средување. Така може да се очекува конечно стартување со подготовките

Време има, бидејќи првенството обично почнува во март.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com

НАЈНОВИ ВЕСТИ ОД ОВАА КАТЕГОРИЈА:

 

АРХИВА

488

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza