reklama

reklama

reklama

Сериозни математичари од Гимназијата PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 409 пати.
ПЕТКА
Сабота, 31 Март 2012

Сериозни математичари од Гимназијата

Годинава е плодна за математичарите од гимназијата “Мирче Ацев”. На натпреварот во Скопје, организиран од Сојузот на математичари на Македонија, учествувале Стефан Николоски во категорија прва година, Фелина Сапунџија од втора година и “ветеранот”, од трета година Антониј Мијоски. Лесно го поминале првото “решето” - регионалниот натпревар и се пласирале за државниот.  Антониј бил прв меѓу 40 учесници. Наградата ќе му послужи за олеснета апликација за странските или домашни Универзитети. Стефан освоил второ место и добил стипендија. Фелина се закитила со пофалница.

Менторите Јорданка Чешелкоска, Евгенија Нешкоска и Маријана Спиркоска рекоа дека учениците се со голем капацитет и знаења што ги нема во учебниците. Велат дека талентот кон математиката, треба да се надградува со континуирана работа. Математички соодносот талент и работа го изразија процентуално 70 со 30.

Антониј кажа дека задачите биле едноставни и логични, па не сетил зголемена тежина. Мијоски додаде дека за математиката треба да работат сите “запчаници” во мозокот и дека се подготвува за натпревар по информатика. Антониј сака да ги поврзе информатиката и физиката со математиката во натамошното образование. Можеби ќе успее ако стане студент на Електро - технички факултет.

На Стефан му е рано да размислува за факултет, а Фелина го “мерка” Архитектонскиот, оти задачата по геометрија ја решила беспрекорно.

Сите тројца излегуваат за разонода. Антониј и Фелина се маераклии за пливање, па летно време вежбаат “Делфин” и “Краул”. Сите тренирале одбојка, ракомет или кошарка, ама не им останува многу слободно време со дополнителната настава по математика за натпреварите.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

АРХИВА

479

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza