reklama

reklama

reklama

Жито Прилеп зеде група PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 260 пати.
СПОРТ
Сабота, 31 Март 2012

Ракомет

Жито Прилеп зеде група

Женскиот ракометен тим на Жито Прилеп тргнува во нов обид за освојување пехар. Најдобрата шанса е Купот и оттука клубот ја зеде организацијата на четвртфиналната група. Викендот на 7 и 8 април во салата “Сонце” ривали се Овче Поле, Струма и Леов бартек. Се очекува лесно поминување на Овче Поле и дуел во финалето од групата со вториот победник, најверојатно Леов бартек.

По едномесечна пауза синоќа беше првенствениот меч дома со Гевгелија, во разигрувањето од домашната Супер лига. Натаму, според ждрепката, е гостувањето на младинскиот Металург, а во трето коло е дербито дома со сениорскиот Металург. Во четврто коло доаѓа Вардар на Магдинчев, а во петто е гостувањето на Куманово. Со реваншите вкупно се 10 кола.

Преостанува уште Регионалната лига. Не се знае кога ќе биде гостувањето кај Заечар, зависи од Србинките. Тоа е последниот дуел, кој не влијае на табелата. Таму неприкосновен е Будуќност, после се Заечар, Јагодина и Металург. Со три победи, една над Раднички и две со Бисери, со три бода на петто место е Жито Прилеп.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

АРХИВА

479

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza