reklama

reklama

reklama

Риби ќе пливаат низ река PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 285 пати.
ОКО
Сабота, 31 Март 2012

Риби ќе пливаат низ река

Оревоечката Река, која го дели градот на два дела, некогаш знаела да изненади и да поплави. Затоа властите, пред годините, ја смириле со градба на камено високо корито, кое последниве децении само еднаш се наполнило со рам, такаречи “догоре” со опасност да се излее, а дивите надојдени води во него да ги урнат како играчка неколкуте градски мостови. Имало посериозни водени стихии. Затоа граѓаните, заедно со локалната власт, ја насочиле реката во високото корито, да не им прави пакост, кога ќе подивее. Помагале здружено, како на работна акција, да се изгради здраво корито со изделкани грамадни гранитни коцки и да се “вразуми” Реката. Не се штеделе, туку рамо до рамо со работниците, меѓу два коша тутун, ги земале копачите и лопатите да помогнат со дрвените колички. Веќе нема страв од излевање. Питома е Градската Река, како што сега ја викаме Оревоечка. Не збеснува меѓу двете корита. Но, водата не е чиста како некогаш, кога живееле риби, а децата ловеле со бинтови. Не за долго. Наскоро ќе се гради филтерската станица да се избистри Оревоечка. Целата фекална канализација ќе се насочи во два колектора покрај коритото и ќе се упатува во пречистителната станица. Следните години, генерациите кои доаѓаат, ќе го остварат сонот на еден прилепчанец, да ја види водата на Реката во тиркизна боја, во која пак ќе пливаат риби, со полно корито, и кејови, небаре Дрим низ Струга. Не е грев да се сонува, зашто соновите со годините стануваат јаве.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

АРХИВА

479

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza