reklama

reklama

reklama

МАТЕ PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 365 пати.
СПОРТ
Недела, 26 Јануари 2014

Историја

Епитетот најпознат македонски навивач и ден - денес останува за Мате Шундовски. Несебично навиваше не само за родната Битола, туку и за екипите од сите други градови во државата. Често доаѓаше и во Прилеп, за дерби на Тутунски и Победа. Облечен како диригент или маѓионичар, со шешир и палка, ја подигнуваше атмосферата. Застануваше пред гледачите и даваше сигнал за скандирање. Се противеше на вулгарности, навреди, недолични песни како "Да се врати 63 година..." и сметаше дека доволни се концерт свирежи за деконцентрација на гостите. Кога резултатот не одеше во прилог ја прекоруваше публиката.

- Зошто молчите? Во Англија два часа нема застој. Сега дајте поддршка!

Во деведесеттите, кога надојдоа навивачките групи, почна со повлекување, до смртта, 2006 година.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

АРХИВА

479

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza