reklama

reklama

reklama

МИЛЕНИУМСКИ ЈУБИЛЕЈ PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 253 пати.
ОКО
Недела, 26 Јануари 2014

Локалните власти ќе одбележат илјада годишнината од првиот пишан документ за Прилеп. Според Снежана Ристеска, советник за култура во локалната самоуправа, градот ќе издаде монографија, подготвена од еминентни научни работници, чија промоција се очекува на крајот на оваа година.

- Официјално, отвораме кампања за промоција на јубилејот - илјада години на Прилеп. Византискиот историчар Јован Скилица пред еден милениум, првпат го запишал Прилеп во документите под името Прилапон. Со друштвото за наука и уметност, локалната самоуправа ќе издаде монографија, во која ќе се постават историски документи за градот и за културниот развој минативе десет столетија - вели Ристеска. 

Локалните власти ќе формираат иницијативен одбор од компетентни луѓе од  Музејот, Архивот, Институтот за старословенска култура и Институтот за тутун, кои ќе ја утврдат физиономијата на содржината на публикацијата.

За одбележувањето на милениумскиот Прилеп, веќе се дизајнирани неколку варијанти за годишнината, кои се поставени на интернет страницата на локалната самоуправа, а граѓаните ќе можат да го изберат најдоброто, кое ќе стои на плакатите и на сите документи на градот годинава. 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

АРХИВА

479

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza