reklama

reklama

reklama

НАКИТЕНА КУЌА СО КОЖИ PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 292 пати.
ЖИВОТ
Сабота, 28 Февруари 2015

Касапот Диме Зарески традиционално ги пречекува мечкарите за Поклади

- Изложба на крзнената колекција на балконите

Balkonite za galerija na kozi za Procka kaj ZareskiОбесени "живи" кожи од овци и кози, со заврзани рогови од овни, бравови е фасадата за Прочка на куќата на најстариот касап Диме Зарески (71), познат како Заре Касапот. Одамна датира традицијата за собирање кожи и украсување на куќата за Поклади. По 15-16 кожи собира за китење. Ги чува во просторија зад домот 2-3 месеци, да го направи адетот за Карневалот. Се стреми на луѓето да им го привлече вниманието, да им се освежат очите од необичната глетка, па да се памти и да се негува оваа традиција. Тоа му е богатство, го храни и му ја полни душата, оти од дете се "преправал" заедно со мечкарите, касапите.

Со дотерување на куќата со кожи почнува од четврток-петок пред Прочка. Ги реди на терасата во два реда да висат, со рогови на нив заврзани. Чува со години рогови од овни, кози, брави... Тие му се колекција од касапскиот занает. Сé стокмува да ги пречека мечкарите, кои навраќаат рано од сабајле.

- Мерак ми е кога идат. Тоа е празник за куќата. И сопругата Мирјана сучи по 3-4 караванчиња старска кора да ги почести колегите. Чест е. Ги пречекуваме со шеќерчиња. Постиламе две масо со богато мени од салати, слатки до месено. Трошок е, ама тоа го носи Денот. Срцето растреперува кога тропаат тапаните, ѕунат клопотарците и р’скаат канти, а ние им ставаме пари да го одржиме коренот. Убајна. Од пријатели, комшии, љубопитни очи кои ѕиркаат и застануваат не се врви на улицата. Идат секакви маскирани, дури со камиони - кажува Заре, кој е прв касап во фамилијата.

I rogovi vo kasapskata kolekcija na ZereskiИма волја, ќеф за славење на Денот. Ќе ја тера радоста додека е жив. Не се откажува. Дури прета, ќе ги отвора вратите за Прочка, ќе ги постила своите кожени и крзнени експонати на балконите да го негува наследството од старите касапи, кое сака да не се заборави и да продолжи. Помалку жали што бледнее атрактивноста кај помладите колеги, што помалку касапи ги облекуваат крзната за Прочка. Тагува по минатото. Но, верува дека нема да исчезне вековната традиција.         Памети како собраните пари се трошат за зајре за гравче, па наредниот ден да се прави заеднички ручек со грав со масло на манастирот Св. Ѓорѓија. Се радува што гости на касапите се луѓе од Бугарија, Србија... а тој е најстар заедно со Борка Косачот.        

I soprugata zarazena od kasapskiot zanaet 0 Mirjana i DimeИ сопругата ја заразил, иако í било страв кога дома, како млада невеста, ќе í дошле мечкарите. Со суратите, не ги препознавала колегите на мажот í. Знак í биле прстените на прстите.

- Младите сега ги вадат маските. Ги нервираат. Им е жешко и ич не се трпеливи. Свикната сум на касапски тертип со толку години брак. Не ми сметаше кога ќе дојди дома со алиштата "фиран". Му помагам. Префаќам кожи, не се грозам од миризбата. Навика е. А младиве го затнуваат носот. Секогаш го поддржував, оти со мерак работеше - вели сопругата Мирјана.

А Заре објаснува дека марифет е да се одере кожа.

- Треба да се рашири, да се постели на земја. Се посипува со сол, па се редат една врз друга. Следната фаза е сушење на сонце, па проветрување. Вода не треба да ја фати, оти замирисува. Нужно е прскање за заштита, чување во посебна просторија. Инаку, молци ќе ги изедат. За денот ги "изложувам", па му ги предавам на кожарот. В година пак нови ќе се соберат - вели стариот касап Заре.

Од млади години станал касап во старата кланица. После петнаесетина години бил стопан на своја касапница.

- Цел век сум касап. Го сакав и почитував занаетот. Во крвта ми влегоа ножот и масакот. Ми лежи и ме бендисува. Како да имав дарба. Станав добар мајстор и арен референт за набавка на жив добиток - јагниња, свињи, говеда... Го совладав занаетот, умеам стручно да извршам дерење кожа од секаков добиток - завршува Диме Зарески.

Тешко се чуваат кожите до следната Прочка.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com

НАЈНОВИ ВЕСТИ ОД ОВАА КАТЕГОРИЈА:

 

АРХИВА

479

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza