reklama

reklama

reklama

СО ЉУБОВ ЈА ЖИВОПИСУВАМЕ ЦРКВАТА СВ. ПЕТКА PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 218 пати.
КУЛТУРА
Сабота, 28 Февруари 2015

Se zivopisuva Sv. Petka"Со голема посветеност, со љубов ја живописуваме црквата Св. Петка, во Точила."

Ова го вели Дејан Кратовски, кој заедно со колегите, уметниците Јасмина, Ивана и Николче е посветен на изработката на живописот на Божјиот храм, што се гради по 100 години. Досега се насликани Пантократорот и Богородица Ширшаја. Ќе живописуваат според временските пригоди.

- Макотрпна и одговорна е работата. Бара комплетна посветеност. Не е како во ателје. Се слика со природни пигменти, со јајце, што ја усложнува процедурата. Посебно внимание посветуваме на стилот на класичното византиско сликарство. Го запазуваме стилот и естетски да изгледа убаво. Да дадеме наш печат, но и да е според црковните канони - вели Кратовски.

Според Дејан, кој говори во името на другите уметници, задоволство е да се живописува.

- Кога има љубов и посветеност успехот е тука. Вриеме од ентузијазам. Завршницата зависи од многу фактори - додава тој.

Сите се дипломирани уметници. Подолго време се тим. Дела им се живописите на цркви во Скопје, во новиот Соборен храм што се гради во Скопје, во Битола, во Бигорски манастир. 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

АРХИВА

479

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza