reklama

reklama

reklama

ОРАТОРИ ЗА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 230 пати.
ПЕТКА
Сабота, 28 Февруари 2015

gimКако секоја година, за 21 февруари, меѓународниот ден на мајчиниот јазик, младинската заедница од Гимназијата заедно со професорката Емона Јованоска организираа ораторска вечер на тема "Говор за мајчиниот јазик". Говори и ставови имаа 14 ученици од сите средни училишта. Во улога на оратори се покажаа Ѓорѓи Сиракоски од "...Ричко", Емилија Чавлеска од "...Чопела", Теодора Тодороска, Ирена Велјаноска и Мартина Темелкоска од "Кузман...", Јуле Атанасовска, Глорија Талеска, Тамара Тодороска и Василиј Митрески од "Ѓорче...", и Сара Нешкоска, Илчо Лешникоски, Бранка Иваноска, Филип Димоски и Христина Ангелеска од Гимназијата. Ораторите беа поддржани од стотина соученици, докажувајќи ја почитта и грижата за мајчиниот јазик.

- На поканата се одѕваа многу оратори и гости. Ја продолживме традицијата и ја поттикнавме свеста за грижата и негувањето на мајчиниот јазик - вели ученичката Надица Бунеска.

Директорот на гимназијата, Кире Николоски, им додели благодарници на сите учесници и ментори.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com

НАЈНОВИ ВЕСТИ ОД ОВАА КАТЕГОРИЈА:

 

АРХИВА

479

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza