reklama

reklama

reklama

РАМНОПРАВНИ СО ПРВОЛИГАШИ PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 235 пати.
СПОРТ
Сабота, 28 Февруари 2015

Фудбал: Победа одигра шест пријателски меча

Moment od mecot Pelister - Pobeda vo BitolaМногу ветува оствареното на подготовките на екипата на третолигашот Победа. Тимот по четири - пет години го добива заслуженото место на предводник во фудбалски Прилеп. Одиграни се шест пријателски, реми по 1-1 со Македонија ЃП, Кожуф, Тиквеш и Турново, 0-0 со Пелистер, а единствениот пораз е 2-0 од Турново. Ако се земат предвид бројките, дадени се четири гола, а примени просечно по гол на меч или вкупно шест. Реализацијата не беше на ниво, а одбраната се покажа цврста.

- Радува што создаваме многу шанси. Лошо е ако ги немаше, а имавме стонастотни и со прволигашите Турново и Пелистер. Игравме со силни ривали, освен Тиквеш. Сите се рангирани над нас - смета Златко Петрески, тренерот.

Добиваат шанса две постави, околу 25 првотимци и има чести измени во сите линии. До продолжението останува елиминирање на слабостите. Важно е вклопувањето на новодојдените Аломеровиќ, Колески и Ѓорѓиевски, повратниците Апостоловски, Ацески и Зојчески. Поради прволигашкото и интернационалното искуство, во фокусот особено се Аломеровиќ и Ацески.

- Добиваме на квалитет со нивното присуство. Сите вложуваат максимум. Одиме во прогрес, а играта ќе ја дотераме на трите преостанати тестови, в недела со Љубанци дома, после со Зајас и Тиквеш - најавува Петрески.

Како 1972

Од пријателските мечеви зимава најинтересно е што Победа дури петпати одигра нерешено. Тоа веројатно е рекорд. Никој не се сеќава на нешто слично во блиското минато. Многу одамна, во сезоната 1971-72, Победа на 34 кола 21 пат имала нерешено во Втората југословенска лига.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

АРХИВА

479

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza