reklama

reklama

reklama

"ПРИЗЕМНИ", НЕОДБРАНЛИВИ УДАРИ PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 236 пати.
СПОРТ
Сабота, 28 Февруари 2015

Времеплов  - Ракометарот Петар Кузманоски - Таста

Kef sto sinot go nadminal - Petar Kumanoski - TastaОд ракометните градски асови кои го одбележале своето време секако е Петар Кузманоски - Таста. За среќа, по неговите стапки уште повиско се вивна и неговиот син Горан, кој игра во романскиот прволигаш Одорхеј. Тоа е недосонуван сон на родителите, децата да им ја продолжат спортската кариера.

Ветеранот Кузманоски, некогашна прилепска и  кумановска ѕвезда, па тренер и претседател на РК Тутунски комбинат, вели дека ракометот му бил единствена спортска љубов од 1967 година. Среќен е што ја бранел ракометната гордост под водство на тренерот Видан Неделкоски, заедно со Коруноски, Арапчески, Гулески, Цветкоски, Аце и Стеван Николоски, па и Мерипушкоски, Магдески...

- Две години минав во РК Куманово. Но, некој чуден сој сме ние прилепчани. Врзани сме за родниот град. Не можеме без него. Директорот на Витаминка, Симон Наумоски, и Борче Самарџиоски ме кандисаа да се вратам во Прилеп. Се играше во втора лига на отворено, на асфалт. Телата ни беа со рани и модринки. Немаше меч некој од соиграчите да не доживее потешка повреда. Во 1974 година се преселивме во Универзална сала со спонзорот Тутунски Комбинат - кажува Кузманоски.

Сонот на прилепчани да гледаат квалитет се доживеа кога во 1974 година, како третопласирани во Македонија, екипата се нашла во Втора лига на Југославија, без квалификации, откако се откажал Тиквеш.

Кузманоски цврст како од стена и непреоден во одбраната, незадржлив во нападот, со успех играл и бек и центар, оти располагал со дарба на ум и сила. Не се забораваат таканаречените "приземни" удари, неодбранливи за голманите.

- Кога се градеше патот кон Прва лига помогнаа велешаните Тутарков, Бисинов, и кавадарчанецот, Камчев. Костурот беше домашен со Бозароски, Вељаноски, Арсоски, Богданоски и Цветкоски, а на клупата седеа Мерипушкоски и Магдески. Тоа беа времиња, а врвот на прилепскиот ракомет - се сеќава Тастата.

Крушата паѓа под круша

Po roditelskite stapki - Goran KuzmanoskiГоран, синот на Петар Кузманоски, се обидува да го надмине татко си, играјќи во странство, последно во Романија.

- Најдраг натпревар беше против Пролет од Скопје.  Сé ми одеше од рака. Постигнав 17 од 21 гол. Скопската мрежа ја чуваше  тогашниот репрезентативен голман Стево Коруновски. Има натпревари не оди, како да се врзуваат и рацете и нозете. Има и непријатни мечеви како во Цетиње кога бевме дочекани на "нож" и минавме како "тапанот на Бајрам". Отидов на печалба, оти во спортот нема импровизации, туку професионален пристап. Се преселив во италијанскиот прволигаш Секија од Модена. Постигнав 67 гола и бев најдобар стрелец во тимот. Навивачи скандираа "бамби", оти бев најмлад. Сега сум во Романија - кажува помладиот Кузманоски, Горан, кој бил член и на македонската селекција и кој меѓу кошарката и фудбалот, своевремено се определил за ракометот во Тутунски комбинат.

Драги Башески

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

АРХИВА

479

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza