reklama

reklama

reklama

МАРУЛ ВО „МАТИЧНИТЕ“ КНИГИ (5) PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 26 пати
Сабота, 17 Февруари 2018

nosija tome 5Фељтон:

Белешките на Томе Велјановски

- Со цел да ги заштити од заборавот, марулчанецот Томе Вељановски кој живее во Гетеборг, во Шведска пренесува податоци за венчавките, склучените бракови и карактеристични настани. Изнесените факти се според сеќавањата на Велјановски. Записите се оригинални, со правописни грешки и дијалект. 

Број 4; Марулски мажи кои останале вдовци и се прежениле

9. Јошески Блаже од с. Кален доаѓа за домазет за Јанкоска Алекцојца во с. Марул во 1949 г. Во фамилијата на Јанкоски Петре во почетокот на јануари 1945 г. решиле синот и братот, 18 годишниот Алекцо да го оженат пред да отслужи воен рок. Поради тоа што на најстарата ќерка, девојка, Петкана времето и е дојдено да се омажи, а за да и најдат заменик за работа по нивјето в поле, нивната намера е остварена. Во истиот месец јануари, Алекцо застанува пред матичарот за брак со избраната девојка во матичната служба во с. С. Лагово. со Неданоска Делоска Богоева Ѓурѓа од с. Штавица. Во февруари пред Прочка е направена свадбата на толку незапамтено лошо зимно време со снег, виулици и мразеви. Но, морало, свадбената веселба на свадбарите и домаќините била посилна од времето. Свадбените веселби биле завршени на најдобар начин. Исто така и развратувањата на првичињата биле направени пред велигденските пости. Во Илиоската куќа од свекорот Петре, свекрвата Невена, золвите Петкана, Спасија и Зора во срцата им бие голема возбуда и радост, направија убава свадба. Невестата малце нервозна, ама работна, се потера и заврши сета полска работа. Петкана, ќерката, се омажи за Ристе Здравески во с. Мојно. Нова радост во куќата при крајот на ноември, невестата Ѓурѓа се породи со машко дете. На новороденчето, нунчевците Колевци, името му го дадоа Ванѓел, имењак на куќната слава Аранѓел. Алекцо уште незаминат на отслужување на воениот рок во 1947 г. се роди второто машко дете. Името детето го доби на прадеда си Илија. Алекцо многу радосен заминува на отслужување  војска. Остава дома два сина. Во почетокот на 1948 г. Алекцо се разболува и одлежува подолго време во воената болница во Загреб каде неколкупати од телото му вадат вода. Лекарите му потврдуваат дијагноза дека од голема нервоза, нервниот систем за лачење вода му откажува. Додека домашните велат дека Алекцо бил преуморен од воените вежби и премногу давање стража во ноќна смена. Во летото 1948 г. мајка му Невена отишла на посета в болница. Нејзниот Алекцо и рекол: Ништо не сакам, само сакав да ми донесеше едно лубениче од Марул. Во октомври Алекцо почина во воената болница во Загреб. Оттаму Алекцо го донесоја во мртовечки сандак. Баба ми мене ме зеде за рака и отиде да му запали свеќа. Стана жена му Ѓурѓа, ја бакна неговата слика која висеше закачено на ѕидот. Ми даде едно јаболко за него за душа. Домашните одлучија на Ѓурѓа да и земат домазет заради децата да останат дома. Во 1949 г. при крајот, дојде домазет Јошески Блаже од с. Кален без неговите деца. Ѓурѓа и Блаже природија две деца: Данчо во 1950 г. и Киро во 1952 г. Блаже подеднакво ги сакаше сите деца. Во септември 1959 г. фамилијата се исели во Прилеп. Сите 4 деца ги образоваа и вдомија. Сите имаат свое потомство. За венчавката на Ѓурѓа и Блаже голем девер им беше Бошески Ризоски Боризаро туѓеро, роднини Блаже и Борис.

10. Ѓорѓиоски Стојан од с. Бешиште ерген дојде домазет за Божна Николоска во с. Марул во 1950 г. Во Првата светска војна Николовци остануваат без домаќинка и мајка Николица Донка Чакмакоска. Таткото Никола за да си го поолесни животот во куќата во 1921 г. го ожени постарото дете Петре на 18 годишна возраст, за девојката сирачка Митра Пунческа од с. Бонче. Петре и Митра имале машко дете, го крстиле Никола, на дедо му. Никола детето се разболило и умрело. На брачниот пар повеќе не им се родило дете. На Недан Бабјак од с. Подмол покрај првото дете Трајко во 1926 г, жена му Донка родум од Поповци од с. Лопатица, му донесла на свет второ дете женско. Родителите новороденчето го крстиле Божна. По кратко време мајката Донка се разболела и умрела. Таткото Недан не можел детето да го одледува, па го давал ранениче. Слушнала комшивката Неда Мојсојца Колеска лопатичанка од Никовци. Мојсојца отишла дома кај Николовци и ги замолила Петре и Митра да го земат детето Божна, поради тоа што ја познава мајката Донка, многу добра е по карактер. Николовци ја послушале комшивката Мојсојца, ја зеле Божна регистрирана со закон за свое дете. Божна ја израснаа голема девојка за мажење, со надеж за да и земат момче домазет. Во есента 1950 г. на свадбата од Анѓа Јованоска, Стојкоски Петре, главина од с. Бонче, ги донесе ергенчето Стојан и татко му Стојко за гледање на средба со девојката Божна Николоска. Нивното видување било позитивно од двете страни. Си дале збор за иден брак. Работата се заврши, бешивчани со маските и гајдите од козји кожи го донесоа Стојан во Марул кај Николовци. Откако завршија верските религиозни работи во марулската црква Рожденството Богородица бешивчани си тргнаа да си одат за с. Бешиште. Стојан почна да плачи. Неговите роднини до мажи до жени, се насобраа околу него. Го милуваат, го советуваат: Стојане не плачи, ние пак ќе дојдиме. Бракот на 24 годишната и 23 годишниот Стојан беше во мир без проблеми. Изродија многу деца, помогнати од очувот Петре и Митра во растењето на децата. Родителите Петре и Митра умреа дома во нивните раце, не потценети. Нивните деца имаат свое потомство.     

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 


488

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza