reklama

reklama

reklama

МАРУЛ ВО „МАТИЧНИТЕ“ КНИГИ (4) PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 61 пати.
Сабота, 10 Февруари 2018

Фељтон: Белешките на Томе Велјановски

Screenshot 1

- Прилепчанецот Томе Вељановски кој живее во Гетеборг во Шведска, долги години е хроничар на времето. Уште како млад ги прибележувал сите податоци и настани кои се случувале во негото родно село Марул. Со цел да ги заштити од заборавот, Велјановски пренесува податоци за венчавките, склучените бракови и настаните кои биле карактеристични. Објавуваме списоци на имиња и презимиња во вид на записник број 4 во кој се внесени, како што вели авторот "повеќе работи од Марул во Марул. Старосвати, нунчеви, девери - големи и мали, вдовци, вдовици, раненици, раненички ... Податоците, некои и со правописни и граматички грешки, се според прибелешките и сеќавањата на Томе Велјановски на дијалект и разговорен јазик.

Број 4: Марулски мажи кои останале вдовци и се прежениле

6. Димески Нечко од с. Прилепец дошол домазет за Ѓурѓа Павлеска во с. Марул. На Павлески Јованов Трајан, жената Сирма Кржеска од с. Подмол му родила дете. Уште некрстено детето умрело. По извесно време се разболела мајка му Сирма и таа умрела. Трајан останал водвец, подолго време не можел жена да најди. Јован татко му за да има женска пол за куќата, да ги брка куќните работи, се одлучил за ќерка му Ѓурѓа да земе домазет. Домазетот е Димески Нечко од с. Прилепец. Нечко бил вреден, работлив човек и мајстор. Го заградил со каменов ѕид домашното место. Направил говедарник и трло и ископал и соѕидал бунар. Трајан во 1926 година со помош на братучед му Петко се преженил со коњарката вдовица Макалоска Трајаница Цвета родум од с. Кутлешево. Вторава жена Цвета, Трајан ја зел со две деца Јованче и Игне. Откако Трајан ја донесол жената Цвета дома почнале домашните несогласувања за престиж. Таткото Јован се одлучил на страната на синот Трајан и рекол: не сакам туѓ маж да ми се треси во дворов наш. Ѓурѓа ќерката фамилијарно ја одделиле. Видела дека тука повеќе нема опстанок, се преселила во Прилеп. Ѓурѓа не е вдовица, туку иселеничка.

7. Стеваноски Огнев Најдо (1898 - 1933). Штотуку завршила Првата Светска Војна. Младиот Најдо скоро дојден од фронтот се оженил со комшивката Јанкоска Ѓорчева Дуна. Првото дете се родило во 1921г. го крстиле Трајче, на отепаниот стрико Трајче во 1915 година од страна на Албанците во гр. Албасан. Во 1924г. се роди Весела. Во 1928г. се роди Цвета во 1930г., а во 1930г. се роди Живко. Во 1932г. Најдо се разболе, оди на лекар. Лекарот покрај сите помошти и совети што му ги дал на Најдо, го советувал Најда да не јади грав. На крштевката од Јанкоска Петрева Зора, внука на Најдојца во пролетта 1933г. за време на гозбата за ручекот имало сервирано и варен грав. Најдо ручал и од гравот. Само што си дошол дома уште потешко се разболел и за кратко време Најдо умрел. Свекрвата Магда за снаата  и зела домазет. За домазет бил земен Малинкоски Илија од с. Штавица, брат на Аце Малинкоски што загинал во Титаник кој моментално бил домазет во с. Дуње на кого му умрела жената, го оставила без потомство во роден 1898-1961г.

8. Дојчиноски Борис од с. Бонче дошол ерген, домазет за девојката Бошеска Цветанка во с. Марул во 1933г. Првата Светска Војна на Колески Боше му ја поништила половина фамилија. Синот Марко загинал на фронтот кај Битола во 1916г. Грозда снаата и нејзиното дете Анѓеле девет годишно во 1916г. умреле дома од колера. Дедото односно свекорот Боше останал со двете внуки Спаса и Цветанка. Внуките кога порастиле Спаса се мажила за Тоде Мулоски во с. М. Рувци. За помалата внука Цветанка го зеле домазет Борис Дојчиноски Ризоски од Бонче. Цветанка и Борис изродиле седум деца. Сите имаат потомство. Цена 1912 - 1978г., Борис 1906 - 1981г.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com

НАЈНОВИ ВЕСТИ ОД ОВАА КАТЕГОРИЈА:

 

488

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza