reklama

reklama

reklama

ПУРДЕ И ДУДА PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 72 пати.
Сабота, 11 Ноември 2017

ivce1Има зборови кои се подзабораваат или сосема се забораваат. Некои воопшто и не ги слушнале. Народот си нашол зборови потребни во определен момент. Ќе почнеме со зборот - ПУРДЕ. Ретко се употребува во денешно време. Се прашуваме зошто е тоа така, но така е. А што значи зборот ПУРДЕ? Така ги викале машките деца, бебињата, додека не се крстени. На времето се практикуваше, крштевањето да се извршува по 8 дена од раѓањето на детето. Нели и Христос е роден на 7 јануари а е крстен на 14, на (Василица). Всушност, тогаш е обрезан, според тогашните обичаи. Во тој период од тие 8 дена, машкото дете го викале ПУРДЕ. Тој збор се употребуваше и во некоја преносна смисла. На пример, ако некое големо момче бара од мајка му да му пресече јаболко, таа потсмешливо би му рекла: "Леле, пурдето мало, не може сам да си пресече". Понекогаш се користеше и деминутивна форма, па бабата ќе речеше: "Пуцето на баба".

Така било (можеби и сега понекаде) со машките бебиња. И девојчињата не останувале покусо. Женското бебе, додека не е крстено, го викаа ДУДА. Еве една реченица од романот на Стале Попов "Крпен живот": "Стојо посака живот и здравје за внука си ДУДА и на брата си му пожела дури и кожув да искине од зетот". Ете така. Некрстени деца се викаа ПУРДЕ (машко) и ДУДА (женско).

Ќе споменеме уште еден збор кој одамна не сме го чуле. Тоа е зборот ПУЗЕ или ПУЗЕ МАЖЕ. Зборот означува мало човече, џуџе, многу кус човек (во Речникот, тритомниот, е регистрирано и како Пуземаже, слеано). Сега тој збор можеме да го чуеме само како прекар. Постојат луѓе со таков прекар, без разлика на тоа дали прекарот соодветствува на физичката конструкција на човекот. Тој може да биде и многу голем, но прекарот си е прекар. Некогаш сме го слушале овој збор, а сме го сретнале и во една збирка на народни песни:

Се посврши мала Клиса,

Си го зеде Пузе Маже,

. . . . .  .. . . . . . . . . . . . . . . .

И го зеде мала Клиса,

И го кладе во камарче,

Кај се најде пусто глувче,

Му изгриза ушињата.

Именката Клиса не сме ја сретнале како лично име на некое друго место. Во реонот што го знаеме, а исто така и во Тиквешијата, постоеше (постои) игра која ја играат децата а се вика КЛИСА. Играчот држи стапче (околу метар ипол), а на земјата ископана мала дупка, преку која се става дрвце, приближно колку една педа. Со стапчето се исфрла дрвцето што подалеку, а противникот треба да го фрли назад што поблиску до дупката. Всушност, постоеја две такви игри, едната се викаше ЧЕЛИК, а другата КЛИСА. Во нашите речници овој збор не е одбележан а зборовите - ПУРДЕ, ДУДА и ПУЗЕ ги има во сите речници. За сите пишува дека се архаични зборови. Се прашуваме зошто би биле архаични! Нема некои нови со такво значење, па овие да се архаични. Но ...

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com

НАЈНОВИ ВЕСТИ ОД ОВАА КАТЕГОРИЈА:

 
476

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza