reklama

reklama

reklama

ИНСТАЛАЦИЈА НА ПЕРО КОВАНЦАЛИЕВ PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 2 пати
Сабота, 18 Ноември 2017

2 Interesna instalacija na Kovancaliev

„365 килограми живот“ е насловот на уметничката инсталација што ќе биде поставена вечерва од 19 часот во галеријата „Борко Лазески“ на ЦК „Марко Цепенков“. Изложбата е дело на уметникот Перо Кованцалиев од Гевгелија кој живее и работи во Скопје.

Инсталацијата е составена од таканаречени биобалони, орган кој претходно бил дел од  жив организам. Тоа е мочниот меур кај животното кој е препариран и исполнет со воздух.

- Со тоа се создава сличноста со балоните во секојдневието кој најчесто се дел од некоја прослава со цел да го разубават и декорираат просторот околу нас. Овие биобалони го одсликуваат последниот здив кај животното. Животно кое е насилно размножувано, измачувано, тероризирано и на крај убиено за да се понуди на пазарот како производ од кој се профитира - вели авторот.

Тој е мултидисциплинарен уметник со израз низ повеќе визуелни медиуми и пракси. Главен интерес му е следењето на општествените промени како локалните така и глобалните каде што својата визуелна интерпретација ја преточува во еден вид на коментар кој е во прилог на одржливиот развој на животната средина, каде човекот ја има најважната улога. Материјалот има секундарна важност во однос на идејата. Во творештвото користи различни материјали. Низ скулптурата, сликарството, графиката, кинетиката, дигиталните медиуми како видеото и фотографијата, инсталацијата, се уметничките форми на неговото визуелно изразување.

Кованцалиев е дипломец на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Моментно е на постдипломски студи. Инсталацијата е дел од истражувањето во текот на студиите. 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
„АПОТЕОЗА НА СМРТТА“ - ВТОРА КНИГА НА АЛЕКСАНДАР МАРКОСКИ PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 0 пати
Сабота, 18 Ноември 2017

4 Vtora kniga na Aleksandar   markoskiМладиот автор Александар Маркоски пред јавноста ја претстави втората книга "Апотеози на смртта". Се работи за книга од 7 раскази, преку кои авторот, употребувајќи реалистичен цинизам, прави обид да ја исмее смртта, сведувајќи ја на минлив обред низ кој порано или подоцна мора да поминеме сите.

- Главните ликови во расказите честопати запаѓаат во надреални ситуации, кои како проекција на нивната свест и потсвест, ја прикажуваат постојаната борба меѓу животот и смртта. Преку филозофијата на Кант, Хегел, Ниче, Расел, авторот ги "тера" читателите да размислуваат за  општествените вредности и можностите кои може да ги подари животот, кој претставува привилегија со одреден рок на траење - рече промоторот Јане Ѓорески, потенцирајќи дека станува збор за дело кое треба да се прочита, но и да се размислува со големо внимание.

Маркоски претходно ја издаде книгата "Човекот кој стана Феникс". 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
ПОЕТСКИ СЛЕМ ПО СЕДМИ ПАТ PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 1 пати
Сабота, 18 Ноември 2017

Седмипат утревечер од 19 часот во библиотеката ќе се одржи манифестацијата Поетски слем Македонија. Театарската работилница Прилеп, продолжува со успешна организација на традиционалната книжевна манифестација. Досега две победнички на Поетски слем Македонија, Афродита Николова и Елена Пренѓова, зедоа учество на Европскиот поетски слем, а годинава на манифестацијата во Брисел земјата ќе ја претставува Игор Трпчески. Најавено е учество на 20 автори со свои дела, а изведбата и текстот го вреднува жири од публиката.

Поетскиот слем се одржува со поддршка на Министерството за култура преку манифестацијата "Нов културен бран".

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
СТРИПОВИТЕ ОД КРСТЕСКИ ВО БРИТАНСКА АНТОЛОГИЈА PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 1 пати
Сабота, 18 Ноември 2017

Стрипови од уметникот Златко Крстески се објавени во стрип антологијата „WAKE UP“, во издание на Централата Лондон од Велика Британија. Стриповите од нашиот ументик во ова современо стрип списнаие се публикувани во друштво со уметници од 28 земји, меѓу кои САД, Белгија, Русија, Јапонија.

Уметникот се инспирира од византиската митологија.

Антологијата била промовирана и на првиот фестивал "Фраме" во Прага, каде Крстески изложуваше над 30 оригинални стрип табли, како и дизајнирани поштенски картички, плакати и други изданија.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 


476

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza