reklama

reklama

reklama

МИЛЕНИУМИ ПОД ТРЕСКАВЕЦ PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 207 пати.
Сабота, 11 Ноември 2017

2 Treskavec znacaen spomenik na  kulturata

„При ископот на земја за обновување на опожарените конаци на манастирот Трескавец, беа констатирани материјални остатоци од праисторијата до денес, со што се надополнија сознанијата за историјата на користењето на просторот во манастирскиот комплекс“.

Ова го вели д-р Бранислав Ристески, научен советник кој раководи со проектот, додавајќи дека се констатирани 10 основни етапи во егзистенцијата на археолошкиот комплекс Трескавец.

Како  резултат на сознанијата од истражувањата во 2008, 2014 и 2016 година евидентирани се етапи во доцно бронзено време до средината на 20 век.

- Според културно - цивилизациското значење за поширокиот централнобалкански регион се издвојуваат шест етапи - истакнува Ристески.

Во обидот за сублимирање на сознанијата за Трескавец се наметнува формулацијата дека овој простор претставува исконско култно место во рамките на одделната биогеографска целина од Северна Пелагонија, и кое во текот на милениумското користење ги променувало модалитетите на култните содржини: антички храмови посветени на Аполон Еутаданос (Громовник) и Артемида, ранохристијанска базилика и средновековен манастирски комплекс.

Во поширокиот централнобалкански простор, детерминираните културни содржини на комплексот Трескавец имаат значајно  место, особено на материјалните манифестации поврзани со егзистенцијата на античката населба Колобаиса, како и со материјализираната христијанска духовност, поврзана со развитокот на манастирот.

Моментно, на Трескавец привршува градбата на опожарените конаци. Паралелно се заштитува и конзервира црквата Успение на Пресвета Богородица.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
476

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza