reklama

reklama

reklama

ИНСТАЛАЦИЈА НА ПЕРО КОВАНЦАЛИЕВ PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 23 пати.
Сабота, 18 Ноември 2017

2 Interesna instalacija na Kovancaliev

„365 килограми живот“ е насловот на уметничката инсталација што ќе биде поставена вечерва од 19 часот во галеријата „Борко Лазески“ на ЦК „Марко Цепенков“. Изложбата е дело на уметникот Перо Кованцалиев од Гевгелија кој живее и работи во Скопје.

Инсталацијата е составена од таканаречени биобалони, орган кој претходно бил дел од  жив организам. Тоа е мочниот меур кај животното кој е препариран и исполнет со воздух.

- Со тоа се создава сличноста со балоните во секојдневието кој најчесто се дел од некоја прослава со цел да го разубават и декорираат просторот околу нас. Овие биобалони го одсликуваат последниот здив кај животното. Животно кое е насилно размножувано, измачувано, тероризирано и на крај убиено за да се понуди на пазарот како производ од кој се профитира - вели авторот.

Тој е мултидисциплинарен уметник со израз низ повеќе визуелни медиуми и пракси. Главен интерес му е следењето на општествените промени како локалните така и глобалните каде што својата визуелна интерпретација ја преточува во еден вид на коментар кој е во прилог на одржливиот развој на животната средина, каде човекот ја има најважната улога. Материјалот има секундарна важност во однос на идејата. Во творештвото користи различни материјали. Низ скулптурата, сликарството, графиката, кинетиката, дигиталните медиуми како видеото и фотографијата, инсталацијата, се уметничките форми на неговото визуелно изразување.

Кованцалиев е дипломец на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Моментно е на постдипломски студи. Инсталацијата е дел од истражувањето во текот на студиите. 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

479

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza