reklama

reklama

reklama

„НИЗ ТВОРЕЧКОТО ЖИТИЕ“ НА МИРЈАНКА Р. СЕЛЧАНЕЦ PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 27 пати.
Недела, 03 Декември 2017

Вечерва в библиотека

Литературна вечер насловена „Низ творечкото житие“ ќе се одржи вечерва во библиотеката од 18 часот, на која ќе биде претставено творештвото на писателката Мирјанка Ристеска Селчанец. Ќе се промовира стихозбирката "Верувам дека смислата на животот е во љубовта" со 140 песни со изливи на чувства за љубовта.

Вечерта ќе се збогати со музички илустрации и претставување на 22 книги запознавање со раскошниот творечкиот опус на Ристеска Селчанец.

Авторот во мај ги претстави стихозбирката "Крлушки од душата" и романот "Интимни исповеди". Тогаш изјави дека пишувањето í претставува "растоварување" на душата и давање место на сонот.

Таа е добитник на повеќе признанија, меѓу кои и на Златната плакета за животно дело на Прилеп.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

479

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza