reklama

reklama

reklama

ПОВИК ЗА ОТТУЃЕНИТЕ УМЕТНИЦИ PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 1876 пати.
Сабота, 10 Февруари 2018

Јасмина Руневска, нов претседател на ДЛУП

Novata pretsedatelka na DLUP vetuva   vracanje na umenticite

Друштвото на ликовни ументици - Прилеп (ДЛУП) доби нов претседател. Едногласно уметниците ја дадоа довербата за прв човек на уметничкото здружение да биде Јасмина Руневска. Ќе í помагаат потпретседателката Лепа Милошевска, додека во Уметничкиот совет се Дарко Талески, Ферди Булут и Филип Перески.

Руневска смета дека минатите неколку години, приказните на ликовни уметниците, за жал, не стоеле гордо закачени во галеријата, ниту биле видени од публиката.

- Уметничкото дело постои од моментот кога ќе биде поставено пред публиката. Затоа ја зацртав најважната обврска како нов претседател на ДЛУП, гласно да ги повикам уметниците и публиката каде што припаѓаат - во галериите. Тоа верувам дека ќе е успешно во истиот момент кога сите уметници заедно ќе творат, критикуваат, пофалуваат и изложуваат уметност. Само тогаш ќе бидат слушнати од публиката која со сета презаситеност од секојдневни визуелни информации, како да стана имуна на ненаметливи, визуелни приказни кои висат по галериите и чекаат да бидат препрочитани - вели Руневска.

Членовите едногласно потенцирале дека најпрво треба да се надополни недоречениот веќе постоечки Статут на ДЛУП да се зацврстат темелите на друштвото.

-.И понатаму, со колективна соработка на сите уметници од ДЛУП, со цела почит кон традицијата оставена зад себе, и во исто време - преку визионерска точка на гледиште, се надевам дека ќе ја избришеме правта на уметничкото дело и публиката со љубопитност ќе се навраќа во галериите каде сé почесто ќе се среќава со нови визуелни форми и живи приказни кои ќе го држат гледачот буден - додава Јасмина Руневска.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

488

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza