reklama

reklama

reklama

ПЕХАРИ ЗА ЏИПЏИИ PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 17 пати
Недела, 24 Септември 2017

2 Miloseski pak so pehar

Меѓу стотина возачи на џипови на трката во околината на Кичево двајца прилепчани се закитија со награди. Особено радува што младиот Сашо Цуцулоски со својот Нисан Патрол во меката категорија, го запоседна на тронот, освојувајќи го првото место во конкуренција со многу поискусни запаленици на офф роуд турите и натпреварите. Во категоријата тврда комплицирана патека, нашиот Лало Милошески го освои пехарот меѓу ривали од земјава со фризираниот теренец Нисан, налик на вселенско возило.

Десетина прилепчани со силните машини се бореа за добро место и уживаа во вештините на управувањето со џиповите со љубителите на возење со џипови низ кал, шума, камења и прашина, низ удолнини и нагорнини од земјава. 

3 Prvak i Saso Cuculoski

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
ВИКЕНД ЗА ПЛАНИНСКО ТРЧАЊЕ PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 8 пати
Недела, 24 Септември 2017

Претстои викенд за планинско трчање на седмото издание на трката Крали Марко Треилс. Најстарата и набројна трка со меѓународен карактер година ги урива рекордите  со учество на 400 тркачи од 22 земји во трки со различна должина и висинско искачување прилагодени за секој  учесник. Заедничко е тргнувањето од Варош и минувањето низ неповторливото сценарио на Марковите кули и манастирот Трескавец.

Организаторите на трката здружението Трекс, ПСД Макпетрол и Општина Прилеп, стартот на трките Крали Марко Ултра Треил 110 км, Козјак Треил 65 км, Трескавец Треил 16 км, Камена Баба Треил 31 км и Маркукуле Треил 1 км, го распоредија во два дена. Шаренилото дава трката на 1 км, на која ќе настапат 100 дечиња.

Љубителите на спортот, планинари, рекреативците низ природа мотивирани се од мистиката и духовноста на историските места и легендите кои живеат и одново го раскажуваат митот за Варош и Крали Марко. 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
МАМУТИ НА ОЛИМП PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 8 пати
Недела, 24 Септември 2017

6 Se iskacija na vrvot Mitikas

Членовите на ПД Мамути го освоија Олимп. Група од 17 планинари се искачија на врвовите Скала (2866 м.), Сколио (2912 м.) и Митикас (2917 м) на планината Олимп во Грција. Младите планинари совладаа висинска разлика од 1800 м. за да ја видат незаборавната глетка.

Претседателите на клубот, Маријана Ѓорѓиевска и Владимир Јованоски, неодамна се качија и  на највисокиот врв во Европа, Мон Блан.      

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
ДАР ЗА НАСМЕВКА PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 8 пати
Недела, 24 Септември 2017

8 Irena Jakimoska predvodi kompanija   so sens za humanost

Голема хуманитарна акција со распродажба на производи организираше компанијата Комфи Ангел на плоштадот. Дел од собраните средства во акцијата, "Со љубов да подадеме рака" ќе бидат наменети за децата со посебни потреби од ОУ "Климент Охридски". Со секој купен производ, потрошувачите подаруваа причина за насмевка кај учениците од посебните паралелки.  

Компанијата уште еднаш ја покажа општествената одговорност и хуманост за засегнатите и за вработените.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
БАВНО СТАСА КУЛТУРАТА PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 6 пати
Недела, 24 Септември 2017

10-Nekogas-siv---denes-ziv--CK-Marko-Cepenko

Тае ЦК „Марко Цепенков“ на кој му минаат десетина година во градба до 1979 година, кога конечно стана културен храм на градот со изложбени салони за разни културно уметнички манифестации, театар, музика, филм библиотека... Сликата покажува траса до издавачка дејност, фолкорни групи, уметнички тупот на штиците, актерскиот драматургшки транс, уметниците кои скитаат со идеи. Бавно темпо и ритам на градење. Десет години полека делче по делче, прозорче по прозорче се крадела светлината на денот да се извиши во лицетворение на културата.

Речиси четириесетина години е досегашниот век на ЦК ,,Марко Цепенков,,. 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
ФОТКА НА НЕДЕЛАТА PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 7 пати
Недела, 24 Септември 2017

11 Pod senka

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 


468

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza