reklama

reklama

reklama

ЖАРДИНИЕРИ НА БУЛЕВАР PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 97 пати.
Сабота, 11 Ноември 2017

8 Bulevarot ukrasen so zardninjeri

Некогаш булеварот „Маршал Тито“ беше послан со гранитни коцки. Обиколен беше со цветни алеи заокружени со зелена ограда. Младите шетаа со часови на булеварот викан корзо. Ноќе беше забранет сообраќајот за автомобилите, зашто река млади се корзираа напред - назад, од кино рекламите до Стоковната куќа. И тротоарските површини буеја со младост.

Дење Булеварот беше "царство на сообраќајот". По некој автомобил ќе минеше низ улицата, поделена на два дела со цветни жардиниери. Најчести возачи беа велосипедистите и пајтонот на Смоква на пат од железничката станица кон Ѓогдере. Не ретко тупотеа и искри фрлаа потковиците на копитата на коњите на некој арабаџија. Штаерски корпулентен убавец ја влечеше колата за собирање на ѓубрето низ булеварот. И починатите ги "возеа" на последниот пат кон Старите гробишта со мртовечка, декорирана кола, тргана од два коња.

Тоа беше густиот сообраќај низ "авенијата", која беше гордост за прилепчани. 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
476

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza