reklama

reklama

reklama

СВЕСТ ЗА ИНТЕРНЕТ БЕЗБЕДНОСТ PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 33 пати
Недела, 14 Јануари 2018

2Инфо ден имаше во ОУ „Гоце Делчев“ за подигање на свеста за безбедно користење на интернетот со наслов „Подобар интернет за нашите деца“. Наставниците дискутираа со учениците за позитивните и негативните последици при користењето на интернетот. Сите ги споделија досегашните искуства како поуки за внимателно користење на интернетот во иднина.

Училиштето изработи едукативни брошури со насоки за правилна употреба на интернетот како и информации за тоа што е онлајн малтретирање, заштита на лични податоци и репутација, интернет бонтон, како и линкови од важни веб - страници кои темелно ја покриваат  проблематиката, а кои беа распределни на учениците, родителите и вработените во учлиштето. Законската обврска е примената на ИКТ во наставата и редовно се едуцира кадарот за професионален развој.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
ЉУБЕЗНИ ЗБОРОВИ И МИСЛИ ЗА ПОДДРШКА PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 40 пати
Недела, 14 Јануари 2018

4

Еден од трите Еразмус+ проекти на ОУ „Гоце Делчев“ е „Љубовта е за сите“, кој се реализира во соработка со училишта од Шпанија, Романија, Италија, Хрватска и Кипар. Тенденција е зајакнувањето на меѓусебното почитување и разбирање за помалку привилегираните, толеранција кон обесправените групи и лицата со посебни потреби.

Членовите на Еразмус+ клубот  учествуваа на новогодишниот панаѓур во училиштето и со продажба на своите изработки собраа парични средства наменети за хуманитарни акции. Дел од членовите на клубот го посетија Дневниот центар Ѕуница каде што донираа едукативни материјали и свои изработки. На средбата беше изведена и мала програма во која зедоа учество и децата со посебни потреби со што беше успешна мисијата да им го разубават секојдневието.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
НАГРАДИ НА МЕЃУНАРОДЕН КОНКУРС PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 64 пати
Недела, 14 Јануари 2018

6

Учениците од одделенска и предметна настава од ОУ „Гоце Делчев“ учествуваа на конкурсот 13 Ноември - Меѓународна ликовна изложба за деца и младинци - Скопје 2017 и освоија грст награди. Понесоа четири први, две втори и едно трето место. Првите места им припаднаа на учениците Бојан Кузески, Тамара Гизовска, Марија Димовска, Миа Кочоска и Матеа Стојановска. Второто место им припадна на Јана Василеска, Викторија Јакооска и Викторија Јакооска. Трета беше Миа Кочоска.

Високиот успех на учениците е гордост за учениците. 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
АКАДЕМИЈА И ЦВЕЌЕ ЗА АЦЕВ PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 103 пати
Недела, 14 Јануари 2018

СОУ Гимназија „Мирче Ацев

8 Pocit za herojot Mirce Acev

Годинава, на четврти јануари гимназијата „Мирче Ацев“ со низа активности го одбележа патрониот празник. Активностите започнаа со полагање на цвеќе на Могилата на непобедените и на Алејата на хероите и давање на почит на херојот Мирче Ацев и загинатите борци за слобода на македонскиот народ. Делегации од Гимназијата, Локалната самоуправа, Гарнизонот „Мирче Ацев" и Сојузот на борците положија цвеќе на бистата на Мирче Ацев во гимназискиот двор. И во касарната „Мирче Ацев"исто беше положено цвеќе на бистата на херојот. Со музички и рецитаторски точки се претставија учениците пред пред војниците.

Директорот Димче Настоски на свечена академија имаше обраќање, по што следеше пригодна програма подготвена од учениците и професорите. Настапи училишниот хор под менторство и диригентство на д-р Татјана Ивановска, кој се претстави со хорските изведби на Химната на Република Македонија, песните „Две лири" и „Месечина" и спиритуалот „Soon I will be done“. Евгениј Темелкоски  и Александра Илиеска со точката „Љубов, борба, живот" не запознаа со животот и делото на Мирче Ацев. Ментор им е проф.Емона Јованоска. Стефанија Стефаноска и Марио Велковски настапија со „Кога љубовта пристигнува". Ментор им е проф. Мартин Наумоски. Со музичката точка „Resiste!" (Бори се!) на француски јазик се претставија Анастазија Христоска, Ангела Зероска, Марија Андоноска и Ведрана Петреска. Ментор им е проф. Мирјана Бошковска. Михаиловска Елеонора, Неделкоски Иван, Митревска Леона и Милески Мартин се претставија со поетски разговори на тема „Љубов". Ментори им се проф. Весна Михаиловска и проф. Лидија Тошеска. Следуваа неколку музички точки и тоа: Деспина Јованоска ја пееше песната „I have nothing“; Тумбоски Никола на кларинет и Ристеска Мила на флејта се претставија со изведба на „Sicret garden"; Антонио Николоски ја отпеа песната „Кажи ми кажи"; Теодора Димеска придружувана од Кирил Кузманоски на гитара ја испеа песната „Не заборавај". Андреј Танески и Бранислав Попоски на гитари, Стефан Костоски на клавијатури и Илија Бозоски на труба инструментално ја интерпретираа песната „Stand by me“. Ментор на сите споменати музички точки им е проф. д-р. Татјана Ивановска.

Координатор беше проф. Емона Јованоска. Сценографијата беше на проф. Марта Макеска и проф. Александар Џинго. Техничката и организациската поддршка беше на проф. Николче Богданоски. За патрониот празник реализирани беа спортски натпревари, ликовна изложба и поетска вечер.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 


483

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza