reklama

reklama

reklama

ТРИ ГРУПИ ВО ТРОГЕН PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 921 пати.
Недела, 03 Декември 2017

СОУ „Ѓорче Петров

23130863 1498054660285266 1649446500602922736 n-1

Оваа година, нашето училиште учествуваше со три групи ученици на размената во Детското село Песталоци, во Троген, Швајцарија. Првата група од 8 ученици и еден супервизор (Слободан Петкоски), присуствуваше на размената од 16 октомври до 1 ноември. Втората и третата група, од 16 ученици и двајца супервизори (Сашо Кочоски и Билјана Тинтоска), престојуваа во Детското село од 2 до 16 ноември.

23519356 1505423946215004 2681642209244495076 n-1

Првата група имаше партнерски училишта од Македонија, од Дебар, Прилеп, Кавадарци, Гостивар и Струга, и придружувани и од група ученици и супервизори од Молдавија. Групата од Прилеп беше сместена во куќа број 10, заедно со групата од Дебар. Втората размена беше составена од 40 ученици и 5 супервизори. Учениците беа сместени во две куќи, во мешан состав. Во куќата „Пинокио" беа сместени група од Прилеп и група од Куманово, а во куќата „Накупенда", групи од Прилеп, од Гостивар и од Куманово. Во Детското село првпат беа присутни и ученици од Црна Гора со нивните супервизори. Искуствата на учениците од престојот во Детското село се драгоцени, а спомените незаборавни. Деновите беа исполнети со настава, двапати дневно, домашни активности околу храната и хигиената на куќата, но и слободно време за забава и рекреација во вечерните часови. Наставата беше насочена кон стекнување вештини на самоспознавање - Кој сум јас?, за да можат да се спознаат другите луѓе и да се почитува туѓиот идентитет. Беше разгледувана и темата антидискриминација. Слободното време учениците го пополнуваа во младинскиот клуб, во спортската сала и во собите за рекреација во куќите. Викендите беа резервирани за екскурзии низ знаменити градови и места во Швајцарија, како: Цирих, Луцерн, Сент Гален, „Технорама" - музеј на природните науки, водопадите на Рајна, аквариумот во градот Констанс на Боденско Езеро.

Престојот беше збогатен со презентација на традиционалната храна меѓу групите од Македонија, како и презентација на подготвени активности: видео - презентации за градовите и училиштата, сценски изведби од познати македонски драмски дела, фолклорни настапи и музички изведби.

received 1450937251628535

Овие, како и другите претходни размени во кои учествуваа нашите ученици низ годините, е во рамките на проектот "Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Република Македонија". Да потсетиме дека во овој проект, којшто е под покровителство и поддршка на Коалиција СЕГА, нашето училиште со спроведување на моделот Дете - правобранител и Младинската организација, учествува од 2011 година. Учеството на ваквите интеркултурни размени за нашето училиште претставува голема чест и задоволство. Се надеваме на уште многу вакви посети. Дел од атмосферата, пренесуваме преку прекрасните фотографии, што кажуваат повеќе отколку зборовите.

Подготвила: Билјана Тинтоска – проф. по македонски јазик и литература

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com

НАЈНОВИ ВЕСТИ ОД ОВАА КАТЕГОРИЈА:

 

479

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza