reklama

reklama

reklama

ТРИКОВИ ЗА ЧИСТА ШОФЕРШАЈБНА PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 130 пати.
Сабота, 10 Февруари 2018

Практичен совет

Mraz na sofersajbna

Во утринските часови, не е лесно да се одмрзне шофершајбната на автомобилот, додека не се применат неколку трикови кои поомагаат успешно да го исчистите стаклото.

Зимата е кошмар за сите возачи. Не само што е тешка за сообраќај, туку возачите се соочуваат со голем број проблеми. Некои автомобили се со матно стакло, замрзната врата, брава и што ли не друго. Едвај се успева да се исчисти снегот и мразот од автомобилите во раните утрински часови кога температурите се ниски. Возачите се соочуваат и со замрзнати прозорци. Понекогаш овие непријатности доведуваат до задоцнување на работа.

Проблемот со замрзнати стакла може да се реши со употреба на оцет и вода во сооднос 3: 1. Распрснете на стаклото и стаклото полесно ќе се исчисти. Ако се сериозно замрзнати, се мешаат 200 мл. вода со 600 мл. алкохол и 1 капка детергент за миење садови. Испрскајте го замрзнатото стакло со оваа мешавина и мразот се топи сам по себе .

Лесен начин да се одмрзне бравата е дезинфектор на рацете. Алкохолот во него ќе го стопи мразот и ќе овозможи да го вметнете клучот. Доволни се неколку капки од дезинфекционото средство за раце на клучот или на бравата и ќе ги видите неговите магични својства.

Друг начин е да се загрее клучот на автомобилот со кибрит или запалка, а потоа да го ставите во бравата. Така се растопува мразот, но внимателно да не се изгорите!.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com

НАЈНОВИ ВЕСТИ ОД ОВАА КАТЕГОРИЈА:

 

488

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza