reklama

reklama

reklama

ПЕТ ВЛАДИЦИ ЗА ДЕНОТ НА БАКАЛИТЕ PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 167 пати.
Сабота, 10 Февруари 2018

За празникот „Св. Три Светители

9

В понеделник светата православна црква ќе го празнува споменот на трите црковни великани: Св. Василиј Велики, Св. Јован Златоуст и Св. Григориј Богослов, трите ерарси кои се кај нас познати како три светители. Традиционално, бакалскиот еснаф го слави овој ден, „Св. Три Светители",  како патрон празник. Првпат пет ќе чествуваат дури пет владици.

Прилепските бакали со нивните семејства, и годинава на еснафскиот празник, ќе се помолат за здравје, бериќет, мир и благосостојба. Во соборниот храм „Св. Благовештение" ќе се одржи архиерејска литургија со која ќе чиноначалствува Поглаварот на Македонската Православна Црква  Господин Господин Стефан, во сослужение на Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот дебарско - кичевски г. Тимотеј. и епископот Хераклејски г. Климент.

Празникот е посветен на тројца светители. Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст се сметаат за три столба на христијанската црква. Славењето на патрониот празник на бакалите е децениска традиција. Домаќин на минатогодишното празнување беше сопственикот на компанијата Шопе Комерц, Емил Шопески, кој го предаде кумството на бакалот, Стојан Петкоски. В година домаќин ќе биде Петре Петрески.

- Чест е да се биде домаќин на манифестација која годинава ќе биде најмасовна. Ги поканувам сите верници да го прославиме празникот како што доликува - вели Стојан Петкоски.

- Бакалската традиција ја преземам и ќе бидам домаќин в година. И еснафот и семејството благословени сме од Бога - вели Петре Петрески.

Уште од 1954 година, празникот "Св. Три Светители" е патрон празник на прилепскиот бакалски еснаф од кога и постои здружението на бакали, кое претставува еден од најголемите еснафи во градот.

- Од 2-3 февруари започнуваме да ги каниме дуќанџиите со шеќерче и чаше ракија. Радува фактот што од година во година, ги вклучуваме и помладите да не се загине традицијата што одамна се слави и сакаме да ја продолжиме - вели бакалот Кире Крстески.

Славењето на еснафскиот празник, прилепските трговци и занаетчии, го заокржуваат со заеднички ручек.

ХРИСТИЈАНИТЕ СЕ ДЕЛЕЛЕ МЕРЕЈЌИ КОЈ Е ПОСВЕТ ОД ДРУГИТЕ

На 12 февруари според новиот, односно на 30 јануари според стариот календар, нашиот народ го празнува празникот на тројцата светители: Св. Василиј Велики, Св. Григориј Богослов и Св. Јован Златоуст. Се раскажува дека тие „заедно душа дале за христијанството". Нивната светост почнала да се мери со човечки мерила, па така овие светители наместо причина за соединување во љубовта станаа предмет на меѓусебни разделби. Христијаните се делеле, мерејќи кој од нив е посвет од другите. За да го запре безумието Црквата го установила нивното заедничко и рамночесно празнување.

Непоколебливи проповедници со боговдахновени зборови

Верниците ги слават непоколебливи проповедници на Божјото слово: свети Јован Златоуст, свети Василиј Велики и свети Григориј Богослов. Празнувајќи го денес нивниот спомен, отсекогаш прилепските бакали молитвено се потсетуваат на нивната улога низ старите времиња. Овие боговдахновени учители, својата вера не ја доживувале само за себе, туку на премудар начин умееле да им ја пренесат на сите и со зборови да им ја објаснат.

2

34568101114151617181920Domakini

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com

НАЈНОВИ ВЕСТИ ОД ОВАА КАТЕГОРИЈА:

 

488

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza