reklama

reklama

reklama

НОВ ПЕШАЧКИ МОСТ PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 42 пати
Недела, 24 Септември 2017

2 Poblisku do centar

Се постави новиот пешачки мост на градската река кај музичкото училиште. Мостот е изграден од челична конструкција во должина од 24 метри. Жителите од околината и од  населбите Корзо, Тапани, Чачорица, Рид и Центар бараа скусување на пристапот до центарот. Пешачкиот мост ќе ја поврзува улицата покрај музичкото училиште со Врбеско маало. Инвестицијата е 1,2 милиони денари.

- На местото имаше дрвен мост пред половина век. Конечно пак се врати, додуша во челично издание. Преодот преку реката ќе влијае на побезбеден премин на улиците на децата кои гравитираат кон ОУ "Кочо Рацин" - велат  жителите на Врбеско маало.

Ова е втор пешачки мост на градската река. Претходно се постави кај ОУ "Кире Гаврилоски" во Ѓогдере.   

IMG 6110

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
БЕС НАД ЗЕЛЕНИЛОТО PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 40 пати
Недела, 24 Септември 2017

4 Cudo od nekolutura

Непромислени граѓани со карактер на вандали го уништија новоизградениот парк во населбата Рид. Актот на насилство на зелените површини и украсите на градот е за секоја осуда, затоа што насекаде низ светот граѓаните помагаат во одржување на парковите и катчињата за деца и за релаксација на сите генерации. Нашиот сограѓанин со отсуство на смисла за естетика се изживувал со автомобил низ свежо посадената трева и оставал "потписи" во паркот со тркалата на својот автомобил. Додека комуналните служби се мачат да уредат и одржат што повеќе паркови во настојувањата за урбанизација на градот, непромислените атаци на хортикултурата ги оддаваат приземните страсти на дел од сограѓаните. Тоа не само што предизвикува осуда туку и вџашеност и вчудоневиденост кај жителите од населбата дека некои нивни соседи имаат толку ниско ниво на домашна култура и воспитување.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА ЈА РАЗВИВА УРБАНИЗАЦИЈАТА PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 21 пати
Недела, 24 Септември 2017

За 60 дивоградби нашите сограѓани добијаа документи за легализација. Со тоа Прилеп е водечка општина според бројот на озаконети безправни домови и стопански објекти. Веќе е ставен параф на "припитомување" на над 10.000 објекти, кои веќе се влезени и во катастарските книги.          

Се легалилизираат објекти со барањата во 2011 година и дел од 2016 година од продолжениот рок. Во 2011 година беа поднесени 15.367 барања, а во 2016 година 3.077.

Продолжува процесот на легализација со кој се исправа една голема неправда нанесена кон голем број наши сограѓани што десетици години чекаа на законит легитимитет на нивниот имот. Процесот влијае развојот на урбанизацијата на градот.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 


468

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza