reklama

reklama

reklama

ФРАНЦУЗИ БАРААТ МОШТИ ОД ПИЛОТИ И ОСТАТОЦИ ОД АВИОН КАЈ ЧАНИШТЕ PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 43 пати.
Сабота, 02 Септември 2017

Мистериозна потрага во Мариово

casniste franzuzi

- Селаните потврдуваат дека имало остатоци од летало крај Црна Река, но местото е зараснато со бујна вегетација и тешко дека може да си пријде, ако водата по едно столетие не ги однела или затрупала

Неодамна Французи, кои се претставиле како потомци на загинати двајца пилоти во првата светска војна пак го пребарувале атарот на селото Чаниште во Мариово, оти располагале со архивски документи дека нивните претци се урнале со леталото во близина на селото крај реката Црна и тука биле закопани нивните останки. Дел од постарите жители паметат дека имало метални остатоци зараснати со врбјак на брегот на реката. Селаните раскажуваат дека странците нуделе солиден бакшиш да им помогнат во откривањето на урнатиот авион и местата каде што биле погребани двајцата пилоти.

Со архивски скици и карти, потомците биле водени од наши познавачи на теренот. Французите располагале и со воена плочка со име и број на еден од загинатите пилоти, откако некој наоѓач од прилепско ја продал во странство. За плочката случајно разбрале неговите потомци. Тоа им дало надеж дека во Мариово може да најдат повеќе податоци за загинатите војници.

Старите чаништанци потврдил дека "некои странци", заедно со наши луѓе, се распрашувале за авионот. Велат дека не биле први кои трагале по мистеријата на паднатиот авион. Селаните немаат сознанија дали некој открил нешто, само знаат дека имало остатоци од авионот во Црна Река во близината на месноста Курбаба. Еден од жителите сведочи дека го сликале, снимале и го прашувале за местото, дали ги видел остатоците и каде можат да бидат закопани пилотите. Им кажал дека памети за накои скали, ламарини и други делови од авионот. Им го пренел раскажувањето на татко му дека на небото над Чаниште "се бркале германски и француски авиони". Германските пилоти го напрскале францускиот авион со некаква течност и успеале да го запалат. За да се спасат, Французите слетале во пламен над селото Чаништа. Успеале да го симнат и да го изгаснат авионот. Одоздола бугарската пешадија тргнала да ги зароби пилотите. Француските авијатичари успеале пак да го кренат оштетениот авион, но само по кусо време се удриле во карпата Курбаба и се срушиле во Црна Река.

1

- Татко ми отишол да ги видат остатоците и да помогне ако има некој повреден, но таму само ги нашол загинатите пилоти. По неколку дена биле извадени и закопани. По еден век, таму сé е зарастено како орман. Не се гледаат остатоци. Со годините местото е натрупано со камења и со песок. Можеби деловите се однесени од водите на реката или се затрупани - вели стариот чаништанец.

И други жители од Чаниште кои лете живеат на родното огниште потврдуваат дека дошле луѓе од Скопје со Французи да бараат остатоци од авион.

- Од дете се сеќавам дека имаше некои тенекии во реката. Сега е сменето коритото. Згустена е вегетацијата и е полна со дрвја, ни мува не може да влезе - вели Стеван Јошески од Скопје.

Неколкуте стари жители не веруваат дека некој ќе најде дел од авионот, уште помалку од коските на пилотите. Од остатоците од Првата светска војна се наоѓаат само садови што ги користеле војниците и старешините. Дури и закопани садови со вино, затворени со тапа од едната страна, а  од другата отвор за пиење. Офицерите им давале на војниците по два литра вино за 24 часа покрај водата за да се замелушуваат и да им биде полесно од воените непријатности. Остатоци од садови, кои се викале манерки, можно е да се најдат кај месноста Простиот камен. 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com

НАЈНОВИ ВЕСТИ ОД ОВАА КАТЕГОРИЈА:

 
476

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza