reklama

reklama

reklama

ДОЈДОА АРГЕНТИНЕЦ И ФРАНЦУЗИН PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 84 пати
Недела, 14 Јануари 2018

Фудбал: Почнаа подготовките на Победа

- Тие се на проба, како уште неколкумина што ќе се приклучат

Vo soblekuvalnata na Pobeda

Поради тешкотиите со кои се соочуваше во зимската пауза, а сето тоа придружувано со информации и шпекулации, симпатизерите на Победа се загрижија за натамошното функционирање на клубот. Темните предвидувањата не мора да се остварат. Има лоша и добра страна сегашната состојба.

Негативното е што заминале дури 11 првотимци. Најмногубројни се битолчаните Ристевски и Мустафов (Албанија) Илијовски, Мирчевски, Неданоски, Маневски, потоа скопјанецот Најдовски (Шкупи), кичевчанецот Цветаноски (Ренова), а од прилепчаните на таков потег се одлучиле Шаркоски (Работнички) и Илиески. Далеку, во родната Австралија, бил резервниот голман Ајман.

 Позитивно е што луѓето во клубот придонесуваат за поволна атмосфера.Така дел од првотимците гледаат перспектива и одлучија да останат. Тоа се: Талески, Јованоски, Котевски, Ј. Наумоски, М. Наумоски, Гешоски, Крстески, Карчески, Ацески, Димитриоски, Трајкоски. Празните места ги пополнуваат младинците. Сигурно ќе има странци. Србинот Станиќ и Азербејџанецот Хумбатов најавиле враќање. На проба веќе дојдоа Камерунецот Усаин Мунпаин од Аргентина (стопер) и Мароканецот Отман Емауина од Франција (шпиц). Ним ќе им се приклучат уште неколкумина одбрани од шефот на Стручниот штаб, Славољуб Бубања.

Минаа прозивката и првиот тренинг, а првиот тест е во вторник со Шкендија во Охрид.

Работа на стадионот

Има работници и механизација за реконструкцијата на градскиот стадион ,,Гоце Делчев". Посветени се на рефлекторите на западната страна. Со  работа и во зима, има надеж дека стадионот поскоро ќе го добие саканиот лик.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
ДАНОСКИ КОН ПРВАТА ЛИГА PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 45 пати
Недела, 14 Јануари 2018

Чешка

Зоран Даноски не може без Чешка. Каде да оди, се враќа таму. Од есеноска е во второлигашот Прибрам, со кого покажува одлични резултати. На табелата е на 3 место, со убави шанси за пласман во Првата лига. Во клубот е меѓу најистакнатите, а на листата од стрелците е втор со 4 гола.

Даноски играше на турнирот „Свети Никола“, каде го освои второто место со екипата Зоки 2006, по поразот во финалето со 0-1 од Марфил.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
ПЕТ РЕКОРДИ НА КУЛЕСКА PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 28 пати
Недела, 14 Јануари 2018

Историја

Во архивата на Атлетската федерација на Македонија има 97 државни сениорски рекорди, а од нив 10 се дело на прилепчанки. Најмногу, пет, има учесничката на Олимпијадата во Сиднеј 2000, Даниела Кулеска. Таа е најдобра на 800 метри, 1000, 1500, 2000 и 3000 м. Сопственичка на два рекорда е Милена Чкрипеска, на 10 километри (39,22) и на полумаратон (1,26,01 часа), додека втората наша олимпијка (Лондон 2012), Христина Ристеска, има најдобро време на 300 метри (41,35). Рекордер е и Катерина Димеска, на 5000 (18,36,46), а досега не е соборен и резултатот на штафетата 4х200 (Александра Митреска, Ангела Трендафилоска, Катерина Станкоска, Фросина Крстеска) со време од 2,36,40 минути.

Сите ги врзува АК Трети ноември (Академик Џамбазовски) на тренерот Ѓорѓи Гешоски.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
ПОЧЕСТИ ЗА РИСТЕСКА PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 27 пати
Недела, 14 Јануари 2018

Џудо

Минатата година беше богата со успеси на џудистите од ЏК Бушидо. Клубот организираше свеченост, со доделување на признанија на најуспешните. Најдобри млади членови се Матеа Илиеска и Бојан Наскоски. Кај повозрасните награди добија: Ема Димитриоска, Сара Атанасоска, Матеја Кочоска, Марија Талеска, Мартина Јанкоска, Елеонора Илиоска. Сепак, највредното признание е за Теодора Ристеска. Таа е прогласена за најуспешен член на клубот, бидејќи е кадетска репрезентативка на Македонија.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
МЛАДИНЦИТЕ СТАНУВААТ СЕНИОРИ PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 28 пати
Недела, 14 Јануари 2018

Ракомет

Тешката ситуација во ракометниот суперлигаш продолжува и кон крајот на зимскиот одмор. Дел од стандардните првотимци заминале. Тие кои не направиле трансфер не се знае дали ќе играат и напролет во истиот дрес. Според ова, сигурно претстои подмладување. Среќа е што на располагање се членовите на младинската екипа. Тие имаат шанса да заиграат во силната Супер лига и на тој начин да се изградат во добри ракометари. Тренерот Ице Соколески ќе има почиста слика за играчкиот кадар на првата прозивка, по празнициве.

Управата е решена да обезбеди минимум услови да се доигра пролетниот дел од сезоната и опстанок.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
БЕЗ ПРОМЕНИ PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 42 пати
Недела, 14 Јануари 2018

ЖРК Деспина

Завршува одморот за ракометарките на Деспина. Првиот собир со прозивка на тренерот Страшо Илиески е планиран за иднава седмица. Остануваат сите првотимки кои настапуваа минатата сезона. Засилувањата засега не се неопходни. Тимот без никакви измени ќе се обиде да го задржи 6 место на табелата.

Првенството продолжува кон крајот на февруари или во почетокот на март.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 


483

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza