reklama

reklama

reklama

СТАНОЈОСКИ ВИЦЕШАМПИОН PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 25 пати.
Сабота, 02 Септември 2017

Шах

Веќе три децении на велемајсторот Звонко Станојоски му успева да се одржи при врвот на македонскиот шах. Потврда е последното Отворено првенство на Македонија во Охрид. Тој го зазеде второто место меѓу домашните шахисти или вкупно четвртото (ако се земат предвид и странците) во девет партии. Имаше шанси за државен првак, но пресуди поразот од новиот шампион, Николовски. Претходно загуби од апсолутниот првак, Бугаринот ФМ Филев.

Учествуваа 54 шахисти.

Бесплатно во Бугарија

Фидемајсторот Роберт Велески се пласира на 23 место со 4,5 поени и доби награда. Не од организаторот, туку од гостинот од Бугарија, претседателот на ШК ,,Ан Пасан", Георги Павлов. Наградата е бесплатно учество со сите платени трошоци за престој на турнир во забрзан шах во Приморско на Црно Море. Велески е избран за несекојдневен шахист со најдобар ,,стајлинг", најприкладно облечен на турнирот во Охрид.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com

НАЈНОВИ ВЕСТИ ОД ОВАА КАТЕГОРИЈА:

 

468

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza