reklama

reklama

reklama

ОДБРАНАТА И НОСИ БОДОВИ НА ДЕСПИНА PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 59 пати.
Сабота, 11 Ноември 2017

Ракомет: Страшо Илиески, тренер

- Постигнати се две ,,врзани" гостински победи

ZRK Despina

Женската екипа Деспина постигна две победи во серија, на гости, над Гевгелија (18-20) и врз Овче Поле во Свети Николе (21-23). Триумфите се по почетните шест пораза, дома од Овче Поле, Пелистер, Вардар и Металург, на гости од Куманово и Вардар јуниор. Пресвртот на добро е мошне значаен за самодоверба кај младите ракометарки, водени од тренерот Страшо Илиески.

Деспина и Витаминка се имиња "осудени" на успех?

- Во одлични услови задоволство е да се работи. Постепено  се движеме нагоре. До крајот на полусезоната ќе бидеме со овој претежно млад играчки кадар, а потоа ќе видиме, во договор со Управата.

Тргнавте со порази?

- Подоцна почнавме со тренинзи и затоа во почетокот не бевме физички подготвени. Младата екипа во која има и 14-годишни, го плати данокот на неискуството. Со времето напредувавме кондициски и технички.

Прво победивте во Гевгелија?

- Ја подобривме одбрана. Заслугата имаат голманите. Брзо се враќаме наназад и примањето голови од контра го сведовме на минимум.

Како го совладавте Овче Поле, тим кој ве победи дома?

- Дома загубивме со дури 13 разлика, но тоа не беше нашата слика. Сега сме значително подобрени. Работевме и на психолошки план. Водевме уште од почетокот и на крајот беше 21-23.

Викендов играте дома со Куманово?

- Фаворити се гостинките. Три - четири години играат заедно. Ќе пробаме да одиграме она што го знаеме, она што објективно го можеме.

Целта до крајот на полусезоната?

- Успех е ако го задржиме шестото место.

РК Прилеп

Нападот е проблем

Екипата на Прилеп дома загуби од Еурофарм работник Битола (14-19). Не се памети кога прилепчани постигнале толку малку голови. Играта во нападот беше проблем, а гостинскиот голман Ивановски одбрани 18 удари. За утеха е цврстата одбрана, со примени 8 гола во првото полувреме.

Следниот меч е гостувањето на фаворитот Охрид.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
476

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza