reklama

reklama

reklama

КУПОТ ГО РАСИПА ВПЕЧАТОКОТ PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 86 пати.
Сабота, 11 Ноември 2017

Фудбал

Според спортските медиуми, тренер на 14 коло од Првата лига е Славољуб Бубања од Победа. Признанието е по триумфот над Академија Пандев во Струмица со 0-1, со голот на Станиќ. За црногорскиот стручњак се вели дека умее да ги мотивира своите играчи и на тој начин да го извлече максимумот. Најдобар тренер беше и во 11 коло, при подвигот дома над Вардар (1-0). Сепак, впечатокот е расипан во средата, на првиот четвртфинален куп-меч, Пелистер - Победа (5-2), додека в четврток е првенственото гостување на Работнички во Скопје.

Табела: Шкендија 34, Вардар 23, Силекс 22, А. Пандев 21, Ренова 17, Работнички 16, Пелистер, Победа и Шкупи 15, Скопје 9.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
476

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza