reklama

reklama

reklama

КРАЈОТ СО ТРИ БОДА СЕ КРАСИ PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 61 пати.
Недела, 03 Декември 2017

Фудбал: В недела е дуелот Победа - Ренова

- Триумфот носи шанса за 5 или 6 место

Slika Fudbal

Најнепредвидливата есен за екипата на Победа завршува в недела (13 ч.) на стадионот Могила со Ренова. Најнепредвидлива е поради променливите игри и резултати. Само што ќе се понадевавме дека ќе се фати серија на успеси, следеа разочарувања. Штом ќе има грижа, доаѓаа позитивен резултат. Надежите беа  мали за да  се извлече нешто на последното гостување на стадионот Железарница против Скопје, со ривалот кој, иако е последен на табелата, имаше загубено само еден меч дома од лидерот Шкендија. Но, вербата беше голема и доволна да се освојат трите бода низ триумф од 0-1, со голот од пенал на Гешоски во 7 минута. До крајот мрежата на сигурниот Јованоски остана незатресена.

Тоа беше многу вреден триумф. Пред коло-две се закануваше дното, а сега исчекорот е до 7 место. Дури постои теоретска шанса за подем до 5 или 6 место.И ова е можно со евентуална победа в недела, а со порази на Шкупи и Работнички. Прво мора да се одработи мечот со Ренова. Противникот првпат доаѓа како послабопласиран, на 8 место.  Ренова, поранешен шампион и освојувач на Купот, нема загубено серија од 21 натпревар против прилепските екипи во првенството или купот. Петпати не успеа оваа Победа, шестпати 11 Октомври, десетпати поранешната Победа. Тој тим триумфираше над Ренова со 1-0 пред 10 години, на 11 март 2007.

Оттука е многу значаен неделниот меч. Покрај отпаѓањето од Купот, во средата, во Битола од Пелистер (  -  ), со трите првенствени бода се лечат сите рани, се затвора есенската полуетапа со позитивна оценка. Ако се освои 21 бод, тие се за пет повеќе од ланската есен.

Табела: Шкендија 43, Вардар 32, Силекс 28, Академија Пандев 25, Работнички и Шкупи 20, Победа 18, Ренова 17, Пелистер 16, Скопје 10.

Австралиец во Победа

По заминувањето на повредените, бекот Качар, стоперот Хумбатов и полушпицот Станиќ, во Победа единствен странец е Австралијанецот Марк Антони Ајман Ауад, голман. Роден е во Мелбурн пред 22 години, од родители Египќани. Претходно кусо бил во Србија, Црна Гора и Италија.

Регистриран беше во септември.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

479

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza